Градоначалникот на општина Лушња во Албанија, Фатос Туше, и неговата секретарка Ериса Ќалиу се повредени откако во канцеларија на градоначалникот била фрлена рачна бомба.
„Немилиот настан се случил во 9 часот кога, неговиот поранешен возач Гезим Сарачи, влегол во канцеларијата на градоначалникот и почнале да се расправаат со висок ток. Секретарката ја отворила вратата за да види што се случува. Во тој момент Сарачи ја фрлил рачната бомба и избегал од канцеларијата, се наведува во полициското соопштение по извршениот увид.
Од експлозијата градоначалникот се здобил со повреда на десната страна на градниот кош и нозете, додека секретарката имала повреди на раката, лицето и нозете.
По дадената соодветна прва медицинска помош во болницата во Лушња, двајцата се префлени на клиниките во Тирана и според последните информации тие се вон животна опасност.
Полицијата и Обвинителството работат на случајот за целосно негово расветлување.