Истражувањата на Меѓународниот совет на аеродроми, покажуваат дека секој дополнителен 1 милион патници што патуваат преку еден аеродром, креира 3 илјади нови работни места, и тоа – директно на аеродромот и индиректно во туризмот, услужниот сектор и поврзаните индустрии.
Во екот на летната и зимската сезона на скопскиот аеродром врие како во кошница. Но, сè повеќе туристи доаѓаат и си заминуваат и од охридскиот аеродром. Ова, како што вели Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“, во интервју за „Слободен печат“ се должи на нивната интензивна работа во изминативе 10 години во Македонија и на различните дестинации.
Тој потенцира дека патниците имаат голем избор за патување од двата аеродрома – од скопскиот до 44 дестинации опслужувани од 13 авиокомпании, додека од охридскиот до 22 дестинации, од коишто 8 се активни во текот на целата година, а 14 се сезонски, односно сообраќаат од април до октомври. Притоа, од годинава од скопскиот аеродром има четири нови дестинации, до Баден Баден, Бремен, Ларнака и Турку, а од охридскиот исто така се воведоа 4 нови редовни авиолинии до Малме, Милано, Меминген, Дортмунд, како и 4 сезонски до: Штутгарт, Диселдорф, Мастрихт и Адана.
Целото интервју ТУКА