ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Моника сведочеше пред полицијата: Тој ме потстрижуваше, ме мачеше и ме тепаше

Стотици полицајци ја продолжуваат потрагата по киднаперот. Откриени се дури 12 локации на потегот од Књажевац до Ниш каде што педофилот криел храна и вода.

January 2, 2020 13:01
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter
„Тој ме потстрижуваше, ме мачеше и ме тепаше. Ми рече дека полицијата ќе нè убие и двајцата. Ме тераше да пешачам пет или шест часа и ме потстрижуваше малку по малку. Ми правеше лоши работи. Постојано ми велеше дека полицајците нема да го уапсат само него, туку и мене“, сведочи 12-годишната Моника од околината на Ниш којашто девет дека помина во заложништво на осуден силувач, кој е во бегство, пренесе Макфакс.

„Ме мачеше секој ден. Ми кажуваше дека полицајците ќе нè убијат и двајцата ако не фатат. Бев многу исплашена“, им раскажа на  полицајците Моника Каримановиќ (12) која беше киднапирана на 20 декември од Нинослав Јовановиќ, познат како „малчански бербер“, пишува Новости.рс.

По девет дена ропство, девојката им кажала наполицајците  за деталите за нејзиното киднапирање и открила дека Јовановиќ ја пресретнал на улица на патот кон училиште во Брзи Брод. Тој ја носел заедно со него во претходно подготвени селски куќи и напуштени викендици во селата меѓу Ниш и Књажевац.

„Додека одев на училиште, тој го запре автомобилот до мене и ми рече дека се изгубил, затоа што патот бил затворен за изградба извесно време. Тој ми рече дека добил работа во училиште како домар. Ме замоли да влезам во автомобилот, да му покажам како да стигне до  училиштето затоа што и тој оди  натаму. Меѓутоа, штом влегов во автомобилот, тој ме возеше до гробиштата, а потоа ме однесе во шумата“, рекла Моника пред полицијата.

Монструмот потоа и ја поскратил малку косата, по што започнала страшната физичка и психичка тортура.

Јовановиќ десет дека ја плашел со полицијата, поради што Моника кога ги видела полициските службеници кои дошле да ја спасат, била многу исплашена. Таа во паника им викала „Не ме тепајте, ве молам … Јавете се кај мајка ми …“.

Јовановиќ бил забележан  во неделата во селото Пасјача во Зворник, каде се криел во напуштена куќа. Сопственикот на куќата, Емил Живковиќ  вели дека тој ден решил да помине со неговиот син во Пасјак за да види дали е се во ред со викендичката.

„Ја видовме отворена вратата на куќата и слушнавме дека има некој горе, па ја повикавме полицијата. Сепак, монструмот скокна од прозорецот, па го прескокна тремот и почна да бега. Мојот син викна дека има пиштол, иако тоа не беше  вистина, обидувајќи се да го исплаши манијакот, но овој викна дека има и тој и побегна. Полицијата пристигна по кратко време и ја најде киднапираната девојка на горниот кат.  Таа беше исплашена, смрзната, гладна“, рече Живковиќ.

Стотици полицајци ја продолжуваат потрагата по киднаперот. Откриени се дури 12 локации на потегот од Књажевац до Ниш каде што педофилот криел храна и вода.

Александра Каримановиќ, мајка на Моника, рече дека нејзината ќерка се чувствува добро и спиела преку ноќ.

„Спиев со неа и не сакав да ја мачам со прашања за тоа што се случило. Моника беше премногу уморна, заспа брзо и спиеше цела ноќ. Се чувствува добро. Таа се распрашува за татко и, брати , пријатели од училиште “, -вели Александра.

Според неа, Моника комуницира со лекарите и медицинските сестри сосема нормално.

„Таа е мојата лавица, таа е похрабра од мене три пати. Разговара со лекарите, свесна е за сè, измачена е, но ќе се опорави“,  вели таа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“

July 27, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген, шестмина се во критична состојба

July 27, 2025

Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и наТајланд, двете земји сакаат прекин на огнот

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk