Кавадарчанецот Наќе Чулев е предлогот кој Мицкоски лично му го дал на премиерот Зоран Заев за технички министер за внатрешни работи, дознава Канал 5.
Наќе Чулев од Агенцијата за разузнавање е новиот предлог за прв човек во МВР во техничката Влада, што лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицковски лично му го предложил на премиерот Зоран Заев.
Според биографијата што ја лиферуваат медииумите блиски до опозицијата, Наќе Чулев е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.
Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје, се велои понатаму во биографските податоци објавени во дел од медиумите денеска.
И. Т. З.