ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Свесен сум за новата одговорност

Спасовски: За разлика од претходно, за три години имаме јавност која не се плаши да го каже својот став.

January 3, 2020 17:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото. Арбен Зеќири

Фото. Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

Мандатарот за премиер на техничката влада, Оливер Спасовски, во својот говор пред пратениците рече дека новата позиција преставува чест и одговорност и дека е свесен за важноста на задачата која ја чека преодната влада.

Тој пред да го представи кабинетот ги истакна успесите на МВР и владата во целина на овој мандат.

„За разлика од претходно, за три години имаме јавност која не се плаши да го каже својот став. Денес имаме држава која за неколку месеци ќе остане рамо до рамо со сите држави на најголемиот светски сојуз. Почитувани граѓани. Свесен сум за одговорноста која преодната влада ке ја има за спроведување на изборите”, рече Спасовски.

Мандатар на новата влада е Оливер Спасовски, досегашен вицепремиер и министер за внатрешни работи, кој до Собранието достави предлог за состав на новата влада и програма за нејзина работа.

Спасовски во експозето пред пратениците истакна дека нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога од нас се очекува непречено функционирање на сите институции.

„ Ова е време кога треба да се организираат фер и демократски избори, но и да се завршат активностите за членство во НАТО и во ЕУ“, рече тој.

Токму затоа предводењето на Владата во ваков период за него, како што рече, претставува силен предизвик и голема лична, професионална иполитичка одговорност.

Според Програмата за работа што Спасовски ја достави до Собранието, Владата во периодот до изборот на следната политичка влада за свои стратешки приоритети ги потврдува успешно организирање слободни фер и демократски предвремени парламентарни избори, полноправно членство на РСМ во НАТО, успешно започнување и водење на пристапните преговори со ЕУ, развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, реформи во правосудството, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, намалување на аерозагадувањето, одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата, јакнење на владеењето на правото преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа и реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатика технологија.

Во техничката или преодна Влада министерски места имаат најголемите политички партии, вклучувајќи ја и опозицијата. Промени во составот во однос на последната влада на премиерот Зоран Заев, кој утрово поднесе оставка, има само во делот на предложените министри и заменици од ВМРО-ДПМНЕ, како и на вицепремиерското место за економски прашања. На местото на Кочо Анѓушев, кој поднесе оставка, ќе биде Мила Царовска, која беше министерка за труд и социјална политика.

Министер за внатрешни работи во техничката Влада ќе биде Наќе Чулев, а министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предложи и дополнителни заменици министри во земјоделство, информатичко општество и администрација и во финансии.

СДСМ предложи дополнителни заменици министри во министерствата за внатрешни работи и во труд и социјална политика. Замениците министри ќе бидат избрани на нова седница.

Собранието на Република Северна Македонија ја започна 128. седница за избор на новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април согласно договорот на политичките партии.

А.Зеќири

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 20, 2025
Скриншот

Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица

June 20, 2025

Николоски: ВРМО-ДПМНЕ ќе има најубедлива победа на изборите, опозицијата ќе движи меѓу нула и три градоначалници

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евроинтеграцискиот процес на Македонија во ќор-сокак, главен виновник – Владата на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk