Двојно е намалена смртноста на предвремено родените бебиња. Во 2016 година изнесувала 7,5, а во 2018 3,4 промили.
„Во соработка со Владата на Република Северна Македонија, Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и Агенцијата за акредитација спроведовме обуки на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и Клиничка болница во Тетово – гинеколошко/акушерско одделение, за ефективна перинатална грижа (ЕПГ) и брза проценка на родилиштата согласно со курикулумите и препораките на Светската здравствена организација. Со овие обуки, спроведовме стандардизиран пристап во сите родилишта, обучен кадар, медикаменти и опрема и надградивме вкупно 15 акушерски и неонатолошки протоколи за најчестите состојби во перинаталниот период“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговата Фејсбук фан страница.