Денеска продолжува судењето на случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка. За денеска е закажано сведочењето на поранешната заменичка на Јанева Елизабета Јосифовска. Таа е сведок на Обвинителството за гонење на организиран криминал.
Во август минатата година Јосифовска ја потпиша одлуката за одобрување времен пасош на бизнисменот Јордан Камчев. Јосифовска ја заменуваше Јанева која во тој период била на одмор. Во исказот , Јосифовска кажа дека мислењето за пасошот на Камчев била одлука на Јанева и како нејзина заменичка била должна да ја потпише и дека тогаш таа немала никакви информации или индиции дека во позадината на сето ова стои нешто криминално.
Третообвинетиот во овој случај, Зоран Милевски Кичеец призна вина и доби три години затвор.