Во Хрватска е регистриран првиот смртен случај од грип. Институтот за јавно здравје соопшти дека се регистрирани 878 пациенти со грип.
Врвот на сезоната на грип се очекува на крајот на овој и следниот месец, јавија хрватските медиуми.
Смртниот случај е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Загреб.
Пријавени се уште четири смртни случаи во хрватскиот Институт за јавно здравје, но сè уште немеа потврда дека се предизвикани од грип.