Продолжува шерифското однесување на првиот човек на прилепскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, пишуваат од Секторот за комуникации на СДСМ Прилеп.
„Откако за новогодишните празници заедно со своите сопартијци се сликаше со огнено оружје, а претходно физички се пресметуваше со свој сограѓанин во центарот на Прилеп, вчера Петар Ристески го паркирал своето луксузно возило на пешачки премин.
Револтот во јавноста од неодговорното и насилничко однесување на Петар Ристески, сè повеќе расте.
Граѓаните со право бараат и очекуваат оставка од Петар Ристески од фунцијатата советник во општинскиот Совет.
Молкот на Мицкоски и Ристески за сите овие скандали, само потврдува дека во партијата на унгарскиот бегалец, ништо не е сменето“, велат од СДСМ Прилеп во својата реакција.