Компанијата „Тесла“ работи со тим физичари од канадскиот Универзитет Далхаузи на нова генерација литиум-јонска батерија која ќе биде значително подолготрајна од постоечките, пишува Форбс.
Истиот извор наведува дека двајцата партнери кон крајот на 2019 година ја заштитиле технологијата на новата батерија, која како што рече Елон Маск во април лани, ќе може да издржи 1,6 милиони километри, односно милион милји возење.
Иако овие батрии не се толку важни за просечен купувач на автомобил во Америка, затоа што Американците просечно поминуваат 150.000 милји или 241 .000 километри пред да го заменат автомобилот за нов, тие батерии ќе бидат многу важни за електричните камиони во САД, кои поминуваат големи растојанија и километражи во текот на својот работен век.
Тие 1500.000 милји поминуваат за една година.