ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Народната банка секогаш е подготвена да води монетарна политика соодветна на движењата во македонската економија

Во интервјуто снимено на крајот на минатата година, гувернерката говореше и за остварувањата на економијата, за банкарскиот систем и за плановите и за Програмата за работа на Народната банка за 2020 година.

January 4, 2020 12:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Поставеноста на нашата монетарна политика е условена од повеќе фактори, а клучно, од нивото на девизните резерви и од инфлациските движења. Имајќи го предвид актуелното високо ниво на девизните резерви со коишто располагаме, ние сѐ уште имаме простор да делуваме како и изминатите неколку години и да водиме релаксирана монетарна политика којашто значи обезбедување доволна ликвидност во економијата и обезбедување поволни услови за финансирање и на граѓаните и на корпоративниот сектор. Но сепак, треба да се има предвид дека и натаму, поставеноста на монетарната политика ќе зависи од случувањата во надворешното окружување коишто влијаат на екстерната позиција на нашата економија, како и од домашниот амбиент.“ – истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервјуто за Македонското радио – Радио Скопје, емитувано денес во емисијата „Радио спектар“.

Таа потсети дека надворешното окружување може да има влијание врз нашата економија преку повеќе канали како што се трговијата, условите на надворешно задолжување и странските директни инвестиции. „Но засега, според сите расположливи податоци, не постои потреба од затегање на монетарната политика.“ – порача Ангеловска-Бежоска.

Во интервјуто снимено на крајот на минатата година, гувернерката говореше и за остварувањата на економијата, за банкарскиот систем и за плановите и за Програмата за работа на Народната банка за 2020 година.

Програмата за работа на Народната банка за оваа година беше донесена неодамна. Покрај остварувањето на редовните задачи, во неа се испланирани и поголем број проекти коишто ќе придонесуваат за унапредување на извршувањето на функциите и ефикасно постигнување на стратегиските цели на централната банка. Помеѓу другото, со Програмата се опфатени: веќе најавеното изготвување на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, како и на Националната стратегија за примена на финансиски технологии и поддршка на развојот на финтек-секторот, активности поврзани со анализа на тековната заштита на потрошувачите на финансиски услуги и унапредување на институционалната поставеност на Народната банка во оваа сфера и проект за унапредување на транспарентноста и комуникацијата со јавноста на Народната банка.

Во зависност од динамиката на донесување на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, планирани се и проекти коишто ќе овозможат измени или донесување соодветна подзаконска регулатива. Истовремено, заради зголемување на сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем се предвидува спроведување консултативен процес преку Националниот совет за платни системи, за воспоставување стратегиски насоки за изработката на повеќегодишна стратегија за развој на платниот систем на нашата земја

Next Post

За инат се јаде вреќа сол. Не се гласа за вемероу, децо

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk