Американската поп пејачка Пинк, ќе донира 500.000 долари на австралиските противпожарни служби за помош во справувањето со бројните пожари.
„Потполно сум шокирана од она што се случува во Австралија поради бројните пожари. Ќе донирам 500.000 долари и тоа директно на локалните противпожарни екипи кои се борат со огнот на терен. Моето срце е со нашите пријатели и семејството во Австралија“, напиша Пинк на социјалните мрежи.
Пожарите во Австралија во последните неколку месеци однесоа најмалку 23 животи, уништија околу пет милиони хектари земја и околу 1.500 домови. Настрадаа и најмалку половина милион животни.
https://twitter.com/Pink/status/1213350834672586752