пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Не знам дали сум ви кажувал дека на трети јануари имав работна средба со еден човек кој е познат по тоа што наместо лични документи во џебот носи слики од магнетните резонанци на општеството. Има свој пет центар во Дебар маало. Камуфлиран е зад една друга фирма, но тоа не е важно. Во комплицираната ментална апаратура ги слева материјалите што ги собира во директни средби со граѓаните од сите категории. Во офиси и кафеани, на улици и пазари, на џез фестивали и телевизиски дебати, на изложби и концерти. Човекот има свои вредносни и политички преференции, но сликите му се слики на општеството, а не на сопствените или на нечии други желби. Анализите му се неутрални во однос на интересите. Тоа значи дека е објективен. Максимално, колку е тоа можно. И дека може да му се верува. Од никого нема да дознаете повеќе за состојбите и процесите во општеството.
Еве што ми кажа:
Ако изборите се одржат денеска, сдсм ќе освои пет пратенички места повеќе од вмро, а ако бидат на 12 април, разликата ќе се искачи на 12 пратенички мандати во корист на сдсм.
Ха, му реков, па, и моите анализи даваат слични резултати, и затоа многу сум љубопитен да дознаам врз основа на какви сондажи и вкрстувања си дошол до овој однос на силите.
Кој слободно можеме да го означиме како спасоносен за Македонија.
И како фактичка состојба и, особено, како тенденција и интенција, како функција на одбранбениот систем на општеството, која злото и смртоносниот отров, ги протерува на маргините или надвор од националното битие.
Тричко, ми рече другарот, верувам дека ќе се согласиш со мене дека општата атмосфера во општеството денеска ја доминира чувството на слободата, на отсуството на врховниот, ограничен, непросветен, глуп, амбициозен и стрвлив арбитер. А тоа е драстична разлика во однос на ситуацијата од пред само три години кога бевме стаписани во стравот и стегнатоста, во заробеноста и поробеноста, па дури и во задоволството во статусот на обесчовеченоста.
Тоа враќање на Македонија на нивото на нормална држава, се разбира, како процес, а не како резултат, односно на процесот како резултат, луѓето ќе знаат да го хонорираат. Тој процес денеска е сѐ уште покриен со дневни дози сензации што ги произведуваат вмронските централи за контаминација, со героним како хероин, но на крајот тој ќе ги издоминира аферите, особено затоа што најголем дел од тие афери се спинувани феномени и затоа што во својата реална димензија, аферите можат да се решаваат единствено во нормална Македонија.
ВМРО, Тричко, се плаши од нормалноста на Македонија како ѓавол од крстот или како Геро од четка за заби, не од Македонија. Затоа што нормална Македонија е крај на вмронската приказна за Македонија, односно крај на вмровската мисија, односно крај на вмро. Затоа е важно оваа освоено парче на нормалноста и слободата, да го сочуваме, поправаме и развиваме.
Многу е важно.
Луѓето го препознаваат тоа, а тоа дека го препознаваат се препознава во нив, во нивното поведение, во нивните гестови, мимики, во разбудените рефлекси и чувства.
Политиките на Заев, се разбира, имаат низа компромитирачки елементи, но две работи во таа смисла се важни: генералната ориентација не смееме да ја доведеме во прашање затоа што тоа е ориентација кон доброто и перспективноста и животот, а компроматите, и оние реалните, и оние фабрикуваните, можат да се решат само во рамките на ориентацијата за која говоревме.
Заев можеме да го смениме, а да останеме нормални, во системот што тој го персонифицира и гради.
Не во тој на лудаците.
Второ, ми вика човекот, вмро нема што да понуди.
Тоа е потрошена опција.
Аут.
Капут.
Национален избор кој самиот себе си се сведе на фабрика за афери.
ВМРО-ГЕРО.
Чија си.
Качи се па види си.
Со сѐ Кутлеш, Ацо и Лигњата, милијардерскиот кретен од Будимпешта и хидроглупакот од Скопје.
Хахаха!
Каков трагикомичен крај.
Праведен, се разбира.
За разлика од нив сдсм има политики, резултати, понуди.
И проблеми.
Свињарии.
Корупција.
Но и основа врз која тие работи можат да се решат како резултат на системите, не како резултат на поединци и на нивната надправна волја.
Третата работа се непосредните бенефити кои им се овозможени на граѓаните. Пензии, плати, субвенции, социјали во реален пораст.
Да, му реков, еден трговец мрчатор, кој постојано се жали, прв пат соопшти во нашето друштво дека во потрошувачката се чувствува позитивно поместување и тоа кај ниската и средна категорија артикли.
И то се да примјетити.
Европските отворања не се толку битни за луѓето.
Важни се, но, не се пресудни.
Како, бе, му реков, јас мислам дека кога ќе се заврши ова со нато во јануари и со датумот за еу во март, вмро може да се завитка во знамето од Кутлеш и плитко да се закопа во македонската земја за да може основата да ѝ остане незагадена, но тој ми рече дека поважно за победата на сдсм ќе биде контролата на локалната власт.
Логично, морав да признаам.
Имаш ли уште нешто, го прашав.
Имам, ми рече, меѓународната заедница ќе го поддржи Заев затоа што во процесите што тој ги персонифицира инвестираше толку многу и наоѓа свои интереси.
Можам ли јас да наведам уште три околности кои го одредуваат фијаското и смртта на вмро и победата на Македонија!
Може, ми рече човекот.
- Најтенката и најтивка соборност околу бадниковските огнови во последните триесет години и победата на Милановиќ на претседателските избори во Хрватска.
- Фактот дека во моето маало луѓето си го собраа бадникарското ѓубре јас го разбирам како порака дека не се спремни да трпат ѓубре на општа основа.
- Милановиќ ја победи Чоколинда Грабар Китаровиќ во ист процес во кој Пендаровски ја победи Штркицата Гога. И во кој Заев ќе го победи хидроцентралистот од вмро-дпмне. Разумот се враќа на голема врата. Национализмот, примитивизмот, глупантропизмот, вмровизмот груевизмот и мицковизмот, се на пат у пизду материну од кај што можат повторно да излезат ако опаметената Татковина не реши да ги абортира повикувајки се на здравствени мотиви!
Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.