ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Старата приказна продолжува, тотална глупост или валкана пропаганда?

Одговорот на прашањето дали се работи за тотална глупост и неукост или ова е дел од валкана пропаганда е повеќе од очигледен. Се работи за валкана пропаганда со жестоки навреди против генерал во нашата армија и против целата земја, воопшто. Ова е само уште една илустрација за тоа дека во тек е сериозна, добро испланирана пропагандна војна, платена од народните пари, а можеби и со „бонус“ од некои странски центри на моќта. 

January 6, 2020 12:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук страницата „Само Македонија“ објави фотографија на која се Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генерал Павле Арсоски. На фотографијата, со црвено е заокружен еден простор од униформата на генералот, под фотографијата со големи букви е напишано: „Вака изгледа Генерал на земја без име“, а во самиот пост се вели: „Последиците од Преспанскиот фашистички договор!“.

Фотографијата е објавена околу 15 часот, на 5 јануари 2020 година, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ. По 18 часа, кога се подготвуваше овој текст, статистиката на овој пост изгледа вака: 418 реакции, 142 коментари и 102 споделувања. При прегледани една третина од коментарите, можевме да утврдиме дека практично сите, без исклучок, изобилуваат со говор на омраза, вклучително и по родова основа, како и повици на насилство, пресметка со „предавниците“ и слично.

Фејсбук страница „Само Македонија“, фотографија направена на 6 јануари 2020, 9 ч., 18 часа по објавата.

Администраторите на Фејсбук страницата „Само Македонија“ МАНИПУЛИРААТ! Очигледно е дека тие намерно заокружуваат празен простор на униформата на генералот, упатувајќи ја својата публика на заклучок дека не е застапен симбол или име на земјата. И на самата фотографија што „Само Македонија“ ја изнесуваат како „доказ“, се гледа македонското знаме, веднаш над генералот.

 

Тоа што не е заокружено, а е видливо е токму македонското знаме на униформата на генерал Арсоски, веднаш десно од црвениот круг на фотографијата. Но, тоа не го „гледаат“ ниту администраторите, ниту тие што коментираат. Дел од тие што коментираат на овој пост се препознатливи и во други вакви „пропагандни акции“ кои со вообичаено вулгарен и потпалувачки вокабулар „настапуваат“ и под постови на други страници и содржини на социјалните мрежи.

Ајде да видиме како овие агитпроп „генијалци“ самите си „пукаат во колено“. Знамето е на вообичаеното место – на ракавот на униформата. За тоа како изгледа униформата на нашите војници и армиски офицери, може да посведочи и приложената фотографија од свеченоста што се одржа пред три дена (3 јануари 2020), по повод примопредавање на должноста командант на инжб. Должноста од досегашниот командант, полковник Арбен Јакупи ја прими потполковник Томе Пеев.

Генерал-мајор Арсоски (лево)

Униформата е дизајнирана според НАТО стандардите, а генерал-мајор Павле Арсовски е командант на Командата за операции во нашата армија. Да не говориме за тоа дека самата фотографија е добра илустрација за напредокот на нашата земја – модерна армија, опремена според стандардите на НАТО.

Македонските војници на една од многубројните вежби, според највисоките стандарди на НАТО.

Продуцентите на манипулации, лажни вести и говор на омраза против македонските одбранбени сили не најдоа за потребно да ја истакнат ни оваа фотографија од самитот на НАТО во Лондон пред крајот на минатата година.

Лондон, НАТО самит, декември 2019, македонското знаме меѓу британското и американското.

Манипулаторите „забораваат“ на исклучителната чест и вниманието што го доби највисоката државна делегација на нашата земја на американскиот носач на авиони „Хари Труман“, во декември минатата година, од каде што имаше мноштво од фотографии, како што е приложената подолу.

Премиерот Зоран Заев на американскиот носач на авиони „Хари Труман“, декември 2019 година.

Одговорот на прашањето дали се работи за тотална глупост и неукост или ова е дел од валкана пропаганда е повеќе од очигледен. Повеќе од очигледно е дека се работи за валкана пропаганда со жестоки навреди против генерал во нашата армија и против целата земја, воопшто. Ова е само уште една илустрација за тоа дека во тек е сериозна, добро испланирана пропагандна војна, платена од народните пари, а можеби и со „бонус“ од некои странски центри на моќта.

Заклучоците се наметнуваат сами по себе. Останува отворено прашањето дали институциите, јавноста и медиумите ќе имаат соодветен одговор на ваквото однесување.

Џабир Дерала

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Кога овците ќе стивнат, тука е Геро за да ги пробуди!

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk