ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ПРВАТА ЛИНИЈА не смее да се помести, им се извинувам на Чулеви

Длабоко во ноќта текстот од Џабир Дерала ме натера да се преиспитам и замислам. Не издржав и му пишав: Џабир, го читав постот за децата и мислам дека пред неколку дена имам направено грда грешка. Се работи за постот за синот на Чулев и неговата „Мајка Русија“.

January 7, 2020 19:09
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

„Среде оваа грда војна први настрадаа вистината и моралот, а со нив ја загадивме и околината на оние што со ништо не заслужија да го гледаат овој вербален колеж и смрад.“, вели Џабир Дерала во текстот „А што се криви децата“.

Постот, иако е предизвикан од онаа несреќа Героски која на многу гнасен начин се обиде да испреврти една симпатична анегдота и да го извалка семејството на Заев, не е одговор на таа конструкција и манипулација, туку овој текст на Дерала е од човек што знае да се преиспита и се залага за вредности.

„Во случајот со несреќната јавна комуникација поврзана со Бранко Героски пред оваа Бадникова вечера, 2020 година… Најостро го осудувам секој вербален напад врз семејството на Бранко Героски, било во јавната или приватната комуникација. Секогаш сум бил и останувам цврсто на ставот дека секој што напаѓа било чии деца, сопруги, мајки, заслужува најостра осуда. Тоа е нечесно и разбојничко однесување! Ќе ги осудам сите што ги напаѓаат децата и семејството на Героски, па дури и тогаш кога тој ги спомнува моите деца, бидејќи тој тоа и го направи. Ќе го осудам секој напад врз неговите деца и покрај тоа што тој, на мое запрепастување, само неколку часа порано, објави гнасна манипулација за детето (ќерката) на неговиот доскорешен пријател и соборец, Зоран Заев.“, напиша Дерала.

Прочитајте го ве молам целиот текст тука, па видете дали претерувам.

Длабоко во ноќта „А што се криви децата“ ме натера да се преиспитам и замислам. Не издржав и му пишав:

Џабир, го читав постот за децата и мислам дека пред неколку дена имам направено грда грешка. Се работи за постот за синот на Чулев и неговата „Мајка Русија“.

Сакав понатаму да продолжам со тоа дека не знам како жарот и жедта за пренесувањето на информации (постот беше постиран на друг портал, а јас го пренесов на Фронтлајн.мк) си дозволив да ме надвладеат, но ете ми се промакна и направив грешка за која се срамам. Не е ни чудо што остана незабележан, а можеби и требаше некој да ми укаже дека не ми е на место тоа. Како и да е, тоа беше многу грд пост на кој никако не му е местото на нашата ПРВА ЛИНИЈА.

Ова беше одговорот што ми го пиша Џабир:

Ме растажи денешниот ден, полн со лоши зборови. Уморен сум и сѐ уште прилично настинат. Ама и некако олеснет по пишувањето и себеиспитувањето. Гледам дека и ти минуваш низ тоа.

Утрово го избришав грдиот пост. Сега сакам и јавно да им се извинам на Чулеви, и на нашите читатели и поддржувачи зашто го пренесов тој пост каде е спомнат синот на Наќе Чулев во негативна конотација. Тотално непромислено од моја страна.

Вчера, одма после мојата осуда на Героски и повикувањето на ЗНМ, добив информација дека ЗНМ веќе има намера да реагира со две претставки на двата текста постирани на Плусинфо – На колумната од Героски каде со клевети ги извалка своите колеги и на онаа конструкција каде го извалка семејството Заеви.

Добро е тоа од ЗНМ, ако навистина и се случи.

Не е добро тоа што Героски не собра сили и доблест, па да го повлече текстот на кој реагираше целата македонска јавност. Можеше да се прочитаат таму и коментари со осуда од негови верни поддржувачи, она баш добронамерни коментари. Но сè беше попусто.

Наместо тоа, Героски шарлатански напиша дека текстот со наслов: „Заев ја понудил ќерката за снаа на Ципрас, за да се потпише Преспанскиот договор“ било шега, дека е виц и дека немало потреба да се објаснува виц. Пиша потоа во коментар дека реакциите на јавноста се од оние на кои им сметало неговото пишување за Рекет. За клеветите и спомнувањето од негова страна на деца и од други, Героски ништо не напиша.

Ете, таа е таа разлика што ние од ПРВАТА ЛИНИЈА не смееме да ја поминеме, а некои новинарски удирачи во гради не знаат ни дека таква една линија на пристојност мора да постои поготово кога се работи за деца и нивно инволвирање, поготово кога се работи за една јавна и толку одговорна дејност, како што е/треба да е новинарството.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ЛШ квалификации: Шкендија вечерва го пречекува ТНС

July 15, 2025
Фото: Пингпонгарска федерација на Македонија

Македонија со четири претставници на ЕП во Острава

July 15, 2025

Боксерот Арабел Рустемовски освои бронза на Европското јуниорско првенство

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk