ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

А што се криви децата?!

Не успеавме да ги заштитиме децата и младите од нас самите, од нашите глупости. Што е најлошо, дел од политичарите и нивните квази новинарски аѓутанти ги злоупотребуваат токму децата и младите како топовско месо во своите политичко-криминални пресметки, за да ја избегнат правдата или за да се стекнат со било каков валкан ќар.  

January 6, 2020 22:26
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Најостро ги осудувам сите што ги споменуваат семејствата, особено децата на оние за кои пишуваат или им се обраќаат во јавната или приватната комуникација. Среде оваа грда војна први настрадаа вистината и моралот, а со нив ја загадивме и околината на оние што со ништо не заслужија да го гледаат овој вербален колеж и смрад.

Колку и да мислиме дека не слушаат, не гледаат и не разбираат, ве уверувам, децата знаат сѐ. Особено затоа што не успеавме, како општество, да изградиме систем на вредности и заштита на децата и младите. Не успеавме да ги заштитиме децата и младите од нас самите, од нашите глупости. Што е најлошо, дел од политичарите и нивните квази новинарски аѓутанти ги злоупотребуваат токму децата и младите како топовско месо во своите политичко-криминални пресметки, за да ја избегнат правдата или за да се стекнат со било каков валкан ќар.

Во случајот со несреќната јавна комуникација поврзана со Бранко Героски пред оваа Бадникова вечера, 2020 година… Најостро го осудувам секој вербален напад врз семејството на Бранко Героски, било во јавната или приватната комуникација. Секогаш сум бил и останувам цврсто на ставот дека секој што напаѓа било чии деца, сопруги, мајки, заслужува најостра осуда. Тоа е нечесно и разбојничко однесување! Ќе ги осудам сите што ги напаѓаат децата и семејството на Героски, па дури и тогаш кога тој ги спомнува моите деца, бидејќи тој тоа и го направи. Ќе го осудам секој напад врз неговите деца и покрај тоа што тој, на мое запрепастување, само неколку часа порано, објави гнасна манипулација за детето (ќерката) на неговиот доскорешен пријател и соборец, Зоран Заев.

Искрено ги пишувам овие редови, од длабочината на моето срце.

Се надевам дека нашите деца и нашите семејства ќе ни простат за сите грешки што ги правиме во ова време-невреме. Не сакам да се изземам ни себе си овде, без оглед на тоа што никогаш не сум навредил ничие дете или семејство. Зошто? Затоа што во оваа погана војна удираме по нечии мајки и татковци, а од тоа страдаат и нечии деца, нека се и деца на криминалци.

Не се децата виновни за постапките на нивните родители. Мораме да се договориме да ги заштитиме децата колку што можеме од оваа беспоштедна битка, без оглед на тоа кој од нас (мисли дека) се бори за правда или се бори за одбрана на криминалот и неправдите, без оглед на тоа кој украл милиони и купил-продал хидроцентрали, а кој е со чисто срце и бистра мисла.

Жал ми е кога гледам како овие свечени, духовни и празнични мигови се поганат само за да се зададат удари на оние што се на другата страна од барикадите што ги поставивме меѓу нас.

Не знаете, навистина не можете да замислите какви сѐ пораки добивам на сметка на моето семејство сево ова време, сите овие изминати дваесет и повеќе години. И никогаш не сум сакал да одговорам со истата мерка. И не сум одговорил. И нема да одговорам.

Иако сум атеист, во овој миг на ум ми доаѓаат зборовите на Исус Христос, распнат на крстот, кога бара прочка за своите џелати: „Прости им Татко, не знаат што прават!“ Се разбира, далеку сум јас од Исус, но се стремам да ги досегнам моралните висини што ги симболизира тој лик, без оглед на моето неверување во Бога.

Ви посакувам добра ноќ и среќен Божиќ, сограѓанки и сограѓани, нека благост, мир и љубов ги следи децата и семејствата на сите луѓе. Нека победи љубовта кон ближните и нека ги очисти мислите од гнасотии.

Се гледаме на фронтот уште утре. Но, подалеку од погледите на нашите деца.

 

 


Преземањето на овој текст е слободно. 

Next Post

Сончево и ветровито време

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk