Ансамбл од околу четириесет девојки ја пее божиќната песна „Тивка ноќ“ на арапски во грко-католичка црква Sr. Elie, која се наоѓа во делот од Бејрут, градот во кој мнозинство е муслиманското население.
Хорот на организацијата Имам Садр бил дел од концертот кој го организирале Beirut Chants Festival (традиционален фестивал на класична, сакрална и етно музика), а од 1 до 25 декември 2016 година одржал 23 бесплатни концерти.
https://www.facebook.com/BeirutChants/videos/1394801880562478/
Настапот од видео снимката е одржан на 19 декември 2016 година во придружба на познатиот либански музичар Абеер Нехме. Видео снимката стана многу популарна на социјалните мрежи, а е проследена со коментари кои ја фалат музиката и трогателниот меѓурелигиски гест.
Либан е толерантна и верски разнолика земја во која живеат 40 отсто христијани. Со уставот од 1926 година е обезбеден паритет помеѓу муслиманските и христијанските претставници во власта.
Настанот е од 2016 година, но пораката за заедништво и меѓусебно почитување е безвремена.
превод: Окно.мк извор: Klix.ba





