Државната изборна комисија на денешната седница го усвои и буџетот за 2020 година, според кој скоро 62 милиони денари се предвидени за јавни набавки за време на изборите, кои треба да се спроведат во јануари и февруари.
Од вкупниот буџет, во програмата 21 – изборни активности, предвидени се 15 милиони денари за избирачките одбори за гласање во дијаспората.
Како што изјавија од ДИК, овие избори, во дијаспората ќе се гласа само доколку се исполни критериумот од 6 700 пријавени гласачи, односно онолку колку што имал пратеникот со најмал број гласови на претходните парламентарни избори. Доколку овој услов не се исполни дијаспората за овие предвремени парламентарни избори нема да гласа.
Биљана Јордановска