Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, објави дека се набавени 190 прочистувачи, за 38 образовни установи, во 12 општини на територија на Република Северна Македонија. Поставувањето на прочистувачи за воздух во внатрешни простории во државните акредитирани високообразовни установи, средни и основни училишта и градинки, се дел од активностите предвидени во Планот за чист воздух за 2019 година, со цел обезбедување на поздрав и поквалитетен престој на најмладите, истакна заменик-министерот Јани Макрадули.
Веќе во Општина Струмица поставени се прочистувачи за воздух во две средни и три основни училишта, и тоа: СОУ ,,Јане Сандански”, СОУ ,,Никола Карев, ООУ ,,Сандо Масев”, ООУ ,,Видое Подгорец”, ООУ ,,Маршал Тито”
Додека во општина Аеродром поставени се прочистувачи во шест основни училишта: ООУ “Љубен Лапе”, ООУ “Ѓорѓија Пулевски”, ООУ “Гоце Делчев”, ООУ “Александар Македонски”, ООУ “Димитар Македонски”, ООУ “Браќа Миладиновци”
Останува определбата да се справиме со загадувачите, и за таа цел мерките и активностите предвидени во Планот за чист воздух и понатаму највеќе ќе се концентрираат на директното справување со изворите на загадувањето, напиша заменик-министерот Јани Макрадули, на социјалните мрежи.
Ј. Ѓ.