Профил со личните податоци на професорката, која сега е министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, преку мрежата „Апворк“ нуди изработка на магистерски и докторски трудови, како и артикли, и тоа за пари.
Најчести клиенти на вакви мрежи се токму студентите, кои со купување на десертациите, а претставувајќи ги како нивно авторско дело, го заокружуваат студирањето на факултетите. На мрежата се оставени и цени за изработка на проектите, па, така, за пишување блог-артикл се плаќа од 4.500 долари, за академско пишување и истражување цените почнуваат од 700 долари, а за ставката „пишување“ бара од 1.000 долари па нагоре, известува А1 он.