Еден од судијата поротници во судечкиот совет кој го води предметот „Еразмус“ во кој им се суди на поранешниот декан и неколкумина професори, за седум дена заминува да работи во Германија, па судењето ќе мора да почне од почеток, јави Фокус.
Претседателот на советот, судијата Владимир Туфегџиќ соопшти дека пред почетокот на денешното рочиште на кое требаше да има завршни зборови, поротникот ги известил дека добил работна виза и за седум дена заминува за Германија. Со оглед на тоа дека за седум дена судечкиот совет проценил дека не може да донесе пресуда, испратил барање до претседателот на судот за назначување на нов судија поротник.
Целиот текст ТУКА