Македонската ракометна репрезентација победи во последната секунда, со 26-25 (13-10) против Украина на првиот меч од Европското првенство во Австрија.
Македонските ракометари во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот во „Виенер Штадхале“ арената, меѓутоа Украина со добра игра се врати во финишот и на крајот успеа дури и да го израмни резултатот.
Кире Лазаров со гол во последната секунда го донесе големиот триумф.
Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот, со 7 голови. Одличен меѓу стативите беше и Никола Митрески кој успеа да собере вкупно 15 интервенции.
Остроушко со пет гола беше прв стрелец кај Украинците. За играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески.
„Честитки и нека биде ова прва победа во низата што ќе ве однесе поблиску до највисоките места на Европското првенство“, напиша Зоран Заев на својата Фејбук страница, а честитки во истиот дух упати и Оливер Спасовски: „И во наредните натпревари нека нè краси борбеноста, пожртвуваноста и победничкиот дух и сигурен сум дека ќе се радуваме на нови победи во наредните натпревари“.