Бела е новата жителка на скопската Зоолошка градина. Белата лавица пристигна вчера од Германија, а веќе следната недела ќе ѝ се придружи и Чака. За белите лавови веќе има оспособено живеалиште.
Ова е првпат скопската зоолошка да има бели лавови, а од минатата недела жители на градината се и три белоносести коатија кои се се донесени од Љубљана.
„Планираме да донесеме и бели тигри и други бели видови. Вложуваме многу за нашата Зоолошка што побргу да стане европска. Моја цел е оваа пролет, кога ќе биде отворен Дино паркот и ќе стигнат уште некои животни како фламинга, да постигнеме рекордна посетеност“, вели Ѓорѓи Галетановски, директор на Зоолошката градина.