ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мал изборен ќар за голем изборен зијан

Уште од својот прв работен министерски ден, очигледно следејќи ги штапските партиски директиви, наместо во таа пржинска насока, се подметнаа како партиски телали. Протежираат митингашка реторика несвојствена за толку високи државни функционери. Па, ај што си направија штета врз својот дигнитет, судејќи по одгласите во широката јавност, направија предизборна штета и врз партискиот рејтинг.

January 11, 2020 11:13
in ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува ЗОРАН ИВАНОВ

Со своето адолесцентно однесување, владините кадри на ВМРО-ДПМНЕ, за само не цела недела, го потрошија и министерскиот и партискиот и својот личен авторитет.

Со непромислени, со избрзани, недржавнички, неминистерски постапки и со нагласено експонирани партиско пропагандистички настапи, ја разочараа непартиската јавност.

Наместо да се претстават и да се прикажат како државни функционери во нивната изворна контролна функција, онака како што се регулирани во законските изборни (пржински) одредби, неумешно и митингашки ја забавуваат јавноста.

Уште од својот прв работен министерски ден, очигледно следејќи ги штапските партиски директиви, наместо во таа пржинска насока, се подметнаа како партиски телали. Протежираат митингашка реторика несвојствена за толку високи државни  функционери. Па, ај што си направија штета врз својот дигнитет, судејќи по одгласите во широката јавност, направија предизборна штета и врз партискиот рејтинг.

Накусо, само потсетување:

Министерот на полиција се обрука на првиот министерски ден. Во улога на нивен шеф, обвини високи полициски службеници. Ги нарече криминалци. Ги обвини за корупција и за местенки. И толку. Ни лук јал, ни лук  мирисал. Ниту тврдењата ги пријави во обвинителството, ниту посочи имиња, ниту понуди докази.

Министерката за труд и социјална политика, со своите драматуршки настапи на теми кои немаат врска ниту со трудот ниту со социјалата, се избламира со пројавеното непознавање на елементарните закони и процедури на темите од областа на ресорот на чие чело застана.

Заменичката во Финансии, пак, досега повеќе време и енергија потроши плачејќи што нејзината колешка министерка ѝ поставила некакви информативни блокади, отколку што се посвети на своите предизборни задолженија во тоа мошне витално министерство.

Згора, нивното брзоплето партиско пропагандно истрчување, јавноста им наметна прашања и за нивното работно минато.

На министерот на полицијата – за неговото директорување во Агенцијата за разузнавање низ настаните во кумановското Диво насеље и крвавиот собраниски четврток каде што му се муваа и странски агенти.

На министерката за труд и социјала за некаква нејзина активност во пишување некакви стручни студентски трудови за пари.

На заменичката министерка во финансии за нејзината улога во некакви црни трансфери на некакви црни пари за некакви црни вести.

Се разбира, јавноста има право да ги прашува и од нив да бара одговори за да може да заклучи што од сето тоа е вистина, а што се монтажи и злобни подметнувања. Но еве каде е април. Тој, неминовно, ќе ги даде сите одговори.

Ама, од сиот овој труд, да не испадне тогаш само еден мал изборен ќар за еден голем изборен зијан.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ССНМ бара итна истрага за заканите кон новинарката Мери Јордановска

НАЈНОВО

ЦИВИЛ е дел од европска иницијатива за одбрана на медиумските слободи и демократијата

September 4, 2025
Скриншот

Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани на 91 година

September 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Расте бројот на жртви во Авганистан по разорниот земјотрес

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk