ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чулев утре ќе побара мислење од ДИК за назначувањето на Ставревски во СВР-Скопје

Проблематизирањето на изборот на Ристе Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите, смета техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев

January 12, 2020 21:04
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Проблематизирањето на изборот на Ристе Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите, смета техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој за МИА изјави дека утре ќе поднесе барање за мислење до Државната изборна комисија (ДИК).

-Ставрески не е осудуван, ниту против него има постапка или каква било истрага. Напротив, тој е лице кое поседува сертификат „државна тајна“ за информации од доверлив карактер, издаден во периодот кога Спасовски беше министер за внатрешни работи. Не гледам никаква пречка да биде началник на СВР – Скопје и поради можноста различно да се толкуваат законските прописи, планирам да се обратам до ДИК која ќе треба да одлучи и да се изјасни за натамошно нормално функционирање на позицијата на лицето за кое станува збор, рече Чулев.

Тој потенцира дека е најважено да се функционира професионално и согласно законските норми. Сé друго, како што напомена, претставува политизирање и израз на страв од соочување со професионалци.

На прашањето од МИА во врска со неговата одлука да се вратат возила во МВР, меѓу кои и она што го користи претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот одговори дека постапувањето согласно законите, процедурите и прописите е начинот на кој работи актуленото раководство на МВР.

-Водењето сметка за инвентарот и опремата на МВР не е „спорна одлука“, туку само еден дел од тоа постапување. Без да сакаме да навлеземе во дневно-политички интриги, креирани од партиските кујни на СДСМ, најостро ги демантираме објавените наводи и невистини и апелираме до медиумите и новинарите да ги почитуваат принципите на етичко известување. За волја на вистината, од десетици возила за кои е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено, а останатите се користат надвор од правилата и процедурите на МВР, подвлече Чулев.

Нагласи и дека безбедноста не е загрозена на ниту еден носител на јавна функција, посебно не на премиерот и на шефот на државата.

-Како човек со повеќе од 20 години искуство во областа на безбедноста, во никој случај не би дозволил да се загрози безбедноста на премиерот и претседателот. Инаку, бројот на возила кај претседателот на државата и кај премиерот сега е многу поголем, рече Чулев.

Додаде и дека последните неколку дена пред да стапи на функцијата, сите возила од Кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски биле распределени во други институции и оранизициски единици.

Next Post

Кабинетот на Пендаровски информиран дека се бара враќање на едно возило што го користи претседателот

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk