ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манчевски: Загрижувачко е нивото на основно непознавање на законите од дополнителната заменичка министерка Стаменковска Стојковски

Важноста од спроведување на функционална анализа беше причината зошто уште во првите 6 месеци од промената на власта, ја подготвивме Методологијата за спроведување на функционална анализа, со поддршка од Британската влада. На овој начин, се даде јасна насока и се поставија темелите на тоа како треба овој процес да се спроведува. Анкетниот лист усвоен на последната владина седница и испратен до сите институции, за кои таа обвинува денеска, не е замена за функционална анализа. Анкетниот лист е невозможно да биде пополнет, без институциите претходно да имаат спроведена анализа, согласно подготвената методологија

January 12, 2020 20:31
in ПОЛИТИКА

Дополнителната заменичка министерка Стаменковска Стојковски, продолжува да ги критикува успешно реализираните проекти во МИОА, изминатите 2 и пол години, притоа повикувајќи се на буџетирани, платени од граѓаните и никогаш незавршени проекти во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, напиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„Денеска, на ред е спроведувањето на функционалната анализа.

Важноста од спроведување на функционална анализа беше причината зошто уште во првите 6 месеци од промената на власта, ја подготвивме Методологијата за спроведување на функционална анализа, со поддршка од Британската влада.
На овој начин, се даде јасна насока и се поставија темелите на тоа како треба овој процес да се спроведува.
Анкетниот лист усвоен на последната владина седница и испратен до сите институции, за кои таа обвинува денеска, не е замена за функционална анализа. Анкетниот лист е невозможно да биде пополнет, без институциите претходно да имаат спроведена анализа, согласно подготвената методологија!

Функционалната анализа се спроведува паралелно со ИПА проектот за реорганизација на јавната администрација. За успешна реализација на овој проект, во моментов во МИОА работат странски експерти со поддршка на фондовите на Европската Унија.

Потребата од спроведување на процес на реорганизација, доаѓа од хаосот којшто го наследивме по доаѓањето на власт.
Само за потсетување, во време на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно никнуваа нови институции, агенции, тела… со поклопување на надлежности, формирани со различни закони, без јасни линии на одговорност и отчетност.
Па така, денес имам 3-4 различни регулаторни тела со исти надлежности…и ова е само еден од примерите со кои се соочивме.
Целта за тоа била нови директорски позиции, задоволување на апетити за власт, оштетување на буџетот и се на товар на нашите граѓани.

Наша цел, од друга страна е преку реорганизацијата да ги поставиме јасно начелата на одговорност, да ги споиме институциите со исти надлежности, да го намалиме товарот врз буџетот и да ја зголемиме ефикасноста на јавната администрација.

Во однос на проектот за спроведување на функционална анализа од 2014 година, што Стаменковска-Стојковски го споменува, би ја посоветувал, следен пат кога ќе се повикува на проекти од времето на ВМРО-ДПМНЕ, претходно да ги провери резултатите од тие проекти. Колку за нејзино информирање, тој проект не ги даде очекуваните резултати, односно обврската за спроведување на функционална анализа, не беше завршена во скоро ниту една од институциите во државата.“ истакна министерот Манчевски.

Манчевски нагласи и дека е загрижувачко нивото на основно непознавање на законите од страна на дополнителната заменичка министерка Стаменковска Стојковски и дека од друга страна сепак, во пресрет на изборите, добро е граѓаните да го видат кадровскиот потенцијал на ДПМНЕ.

Next Post

(ВИДЕО) Закани кон екипата на ЦИВИЛ на протестот против промената на името

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk