ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бектеши: Поддршка и солидарност од сите земји во обнова на погодените подрачја од земјотресот во Албанија

Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на регионалниот Самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“, кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на Обединетите нации. Главна тема на самитот што се одржува во Тирана, како што соопштуваат од Министерството за економија, е да се даде поодршка за обновата на подрачјата погодени од минатогодишниот земјотрес што ја зафати Албанија, а исто така да се даде и поддршка на туризмот во оваа земја

January 14, 2020 14:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на регионалниот Самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“, кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на Обединетите нации.

Главна тема на самитот што се одржува во Тирана, како што соопштуваат од Министерството за економија, е да се даде поодршка за обновата на подрачјата погодени од минатогодишниот земјотрес што ја зафати Албанија, а исто така да се даде и поддршка на туризмот во оваа земја.

Министерот во своето обраќање истакнал дека е почестен што денеска е присутен на овој Регионален Самит, бидејќи Република Албанија не е само наша соседна земја, туку е и пријателска земја и стратешки партнер на Северна Македонија.

– На 26 ноември и Албанија се соочи со голем разорен земјотрес што направи не само голема материјална штета, туку и загуба на човечки животи. Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тогаш клучна беше помошта која стигна од сите страни од светот и од сите нации од светот и го изградивме повторно главниот град, потенцираше Бектеши.

Тој потсети дека веднаш по катастрофалниот земјотрес во Албанија, Владата на Северна Македонија веднаш донесе одлука и упати финансиска помош и тимови од 50 луѓе за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја кои беа меѓу првите кои пружија помош на настраданите подрачја.

– Но, овие природни катастрофи остануваат врежани и оставаат голем печат не само кај жителите, туку и на цели градови, подрачја и региони. Природните катастрофи кои сега ги има многу повеќе од порано, сериозно му штетат на развојот на туризмот во светски рамки. Според Светскиот економски форум, туристичката индустрија учествува со 9,8 отсто од глобалниот БДП, поддржува 277 милиони работни места ширум светот и претставува 6 отсто од глобалниот извоз. Покрај тоа, индустријата има потенцијал за понатамошен раст, oд сегашните 1,1 милијарди меѓународни туристички посети да достигнат 1,8 милијарди до 2030 година. Но, во изминатите неколку години, влијанието на природните непогоди врз туризмот, а со тоа и врз светската економија е се поголемо.Природните непогоди не можат да се спречат, освен ако не ги решиме нашите еколошки проблеми, образложи министерот Бектеши.

Тој потенцираше и дека е многу важно за туристичката индустрија во светот секогаш да има во предвид опасноста дека може да се случи природна непогода и на тој начин да обезбеди одржливост на бизнисот.

Министерот Бектеши подвлече дека сега следува период на обнова во Албанија за која допрва ќе биде потребна голема помош и поддршка не само од регинот, туку и од целиот свет.

– Сакам да го искористам овој Самит и овој денешен настан да ги повикам сите земји во светот да помогнат во обнова на подрачјата кои беа погодени од разорниот земјотрес во Албанија. Исто како што пред пред скоро 60 години помогнаа да се изгради повторно Скопје. Северна Македонија ќе продолжи со сите можни средства да и стои на располагање на Република Албанија со цел да ја преброди катастрофата што и се случи, истакнал Бектеши.

Министерот за туризам и екологија на Албанија, Бленди Клоси во своето обраќање им се заблагодари на сите за поддршката која и ја дале на земјата во земјотресите кои што се случија на 26 ноември минатата година.

– Опстојувањето во вакви природни непогоди и солидарноста е пракса која би сакале да ја споделиме со вас на овој Самит и да укажеме дека туризмот како индустрија е главниот столб на економијата, и не само тоа туку и на хуманоста и менаџирањто со кризи, а тоа го покажува присуството на 12 делегации кои денеска се тука, како никогаш порано за една заедничка цел, кажа Клоси.

Првиот човек на Светската туристичка организација Зураб Пололикашвили во своето видеообраќање пред присутните гости порача дека политичката поддршка ее клучна за успех во туризмот.

– Денешниот Самит е клуч во опоравувањето на албанскиот туристизам и верувам дека туристичкиот сектор во Албанија е подготвен за тоа, истакнал Пололикашвили.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

July 27, 2025

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“

July 27, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген, шестмина се во критична состојба

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „Маршот на ангелите“, родителите запрашаа: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk