ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двојно поголем буџет во 2020 за инфраструктурни проекти за местата со ромско население

Парите се наменети за проекти од областа на инфраструктурата и комунални проекти кои се утврдени како приоритети за ромското население во соработка со претставници на граѓански и меѓународни организации, чија цел е подобрување на состојбата на Ромите во земјава.

January 14, 2020 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За 2020 година од Буџетот на Министерството за транспорт, врски и екологија е определен буџет од 40 милиони денари за имплементација на проекти во рамки на декадата и Стратегијата за Ромите, што е двојно повеќе во однос на претхдоната 2019 година, а четири пати повеќе од периодот пред доаѓањето на оваа власт, истакна денеска на прес-конференција министерот без ресор задолжен за имплементација за Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам.

Тој потенцира дека станува збор за проекти од областа на инфраструктурата и комунални проекти кои се утврдени како приоритети за ромското население во соработка со претставници на граѓански и меѓународни организации, чија цел е подобрување на состојбата на Ромите во земјава.

Осврнувајќи се на проектните активности за оваа година, министерот Бајрам истакна дека планирани се евалуација на постоечката стратегија за Роми 2014-2020 и подготовка на нова, потоа иницијатива за отворање ромски културен центар, подготовка на ромски правопис и издавање учебници од шесто до деветто одделение на ромски јазик за основно образование.

Предвидено е довршување на веќе посточекиот проект за изградба на 24 станбени единици во соработка со Општина Кочани, како и поттикнување на општините да го пресликаат истиот овој проект со цел изградба на станови каде што претежно живее ромско население.

Инаку минатата година за поддршка за имплементацијата на Декадата и Стратегијата на Ромите од буџетот биле распределени 20 милиони денари кои преку Министерството за транспорт и врски се распределени во неколку општини за проекти од областа на инфраструктурата.

Општина Ресен има добиено 1,1 милион денари за проекти од комунална инфраструктура кои се уште се во тек, во Општина Гостивар се распределени околу 2,1 милион денари за изградба на фекална канализација и поставување бекатон плочки во населбата Бањешница.

Во Општина Тетово се распределени 2,8 милиони денари за изградба на фекална канализација на улицата „Иво Рибар Лола“ и за реконструкција на дел од таа улица,  активности кои се завршени во целост.

Во Општина Кичево се распределени 1,65 милиони денари за изградба на два крака од улицата „Струшка“, во општина Битола 2,3 милиони денари за реконструкција на дел од улицата „Љубојно“, а во Општина Берово 3,1 милион денари за изградба и реконструкција на дел од улица.

Во Општина Шуто Оризари  околу 6,9 милиони денари се вложени за реконструкција и подобрување на улицата „Мелничка“, а со ребалансот на буџетот на државата најмногу средства – седум милиони денари се распределени во Општина Кочани за комунални инфраструктурни проекти.

Исто така во 2019 година со поддршка на кабинетот на министерот без ресор Музафер Бајрам и во соработка со невладиниот сектор подготвени се три локални акциски планови за Ромите во областите домување, образование, вработување и здравство во општините Кичево, Дебар и Велес. Генерално за имплементација на локалните акциски планови со одлука на Влада се распределени три милиони денари преку Министерството за локална самоуправа, кои се распределени во 16 општини каде живее ромско насление.

Во областа на образованието, минатата година е презентирана новата граматика на современиот ромски јазик, финансирана од Владата, која е веќе распределена по образовните институции. Преземени се и активности со Ректоратот на Педагошкиот факултет во Скопје во насока на отворање студиска програма по одделенска настава на ромски јазик во рамки на Факултетот.

Во владина постапка наскоро терба да влезе и предлог-одлука која е веќе подготвена за формирање на советодавно тело на министри, што ќе ја следи имплементацијата на Страгетијата за Ромите во земјава.

Информациите за имплементација на активностите произлезени од националните акциски планови во рамки на Стратегијата за Ромите и активностите кои се планираат од надлежните институции  ги подготвува кабинетот на министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, а се разгледуваат на седница на Влада на секои четири месеци.

Next Post

Скопјани пијат квалитетна вода

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk