ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алаѓозовски: Станувам предмет на специјална пропагандна војна на оцрнување

Хајката кон мене за објавувањето на книгата од бугарската авторка, објавена пред четири години, кога владееше заробената држава, е примитивен обид за цензура на културата, обид да се убие дијалогот и размената на различни ставови и мислења меѓу нашите две соседни држави, меѓу нашите народи и култури

January 15, 2020 23:09
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминативе два дена во Собранието ја дискутираме исклучително важната, пионерска, Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот. И додека расправата во собраниската комисија натежнува кон прифаќање на оваа исклучително важна стратегија, јас станувам предмет на специјална пропагандна војна на оцрнување.

Хајката кон мене за објавувањето на книгата од бугарската авторка, објавена пред четири години, кога владееше заробената држава, е примитивен обид за цензура на културата, обид да се убие дијалогот и размената на различни ставови и мислења меѓу нашите две соседни држави, меѓу нашите народи и култури.

Оваа хајка наликува на почетоците на најцрните нацистички прогони против издаваштвото, кои завршуваа со масовни палења на книги. Ја спроведуваат оние, во чие време почнаа да се продаваат нацистички книги по супермаркети.

Издавачката куќа „Готен“, чиј основач сум, објави книга која и овозможува на македонската јавност да ги осознае подетално и посуштински ставовите и позициите што ги гради дел од бугарската интелектуална и културна заедница за бугарско-македонските односи.

Одбравме тоа да го направиме низ еден уметнички а не академски запис, низ призмата на една истакната авторка и уметник, за македонската јавност да добие појасна слика за тие ставови, надвор од вообичаените политички и медиумски шаблони нарации и пораки што одекнуваат во двете земји. Слушањето на ставовите и размислувањата на другиот не значи согласување со изнесените ставови, туку само можност да се разбере подобро позицијата на другиот.

Ние ги охрабруваме издавачите во двете земји да ни се приклучат, и да имаме што повеќе можности да дознаеме едни за други, за нашите култури, уметнички визии, уверувања, за нашите ставови, стравови, стереотипи за „другиот“. Културниот дијалог може само да придонесе тие разлики, стравови и анимозитети да се надминат, а ние заедно како соседи да зачекориме кон една подобра иднина за целиот регион. Културата секогаш била таа што ги гради мостовите меѓу народите, така било, така и ќе остане.

Пишува Роберт Алаѓозовски на својот Фејсбук профил.

 

Next Post

Сончево со слаб до умерен северен ветер

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk