ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Црвениот крст собра 16,6 милиони денари за настраданите од земјотресите во Албанија

Од собраните средства, 13.247.331 денари се донации од компании, 2.670.900 се донирани средства од телефонски оператори и 238.102 денари се донации од граѓаните. Саити информира дека кон тој износ треба да бидат приклучени и два милиони денари од МЕПСО со кои имаат склучено договор за донација, но поради нивното чекање за добивање решение од Министерство за правда се уште не се добиени, како и средствата од АВМУ во висина од еден милион денари. На албанскиот Црвен крст, како што наведе Саити, ќе им се даде рок за трошење на тие средства и повратно ќе бараат отчет за потрошените средства во наредните шест месеци од нивното трошење

January 15, 2020 14:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 16.600.437 денари се собрани во акцијата за помош и поддршка на настраданото население од земјотресите кои ја погодија Република Албанија, соопшти денеска генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, пренесе МИА.

Акцијата, како што информира Саити на денешната прес-конференција, официјално заврши на 31 декември лани, а средствата собрани до тогаш задутре ќе бидат префрлени во Црвениот крст на Албанија.

Од собраните средства, 13.247.331 денари се донации од компании, 2.670.900 се донирани средства од телефонски оператори и 238.102 денари се донации од граѓаните.

Саити информира дека кон тој износ треба да бидат приклучени и два милиони денари од МЕПСО со кои имаат склучено договор за донација, но поради нивното чекање за добивање решение од Министерство за правда се уште не се добиени, како и средствата од АВМУ во висина од еден милион денари.

На албанскиот Црвен крст, како што наведе Саити, ќе им се даде рок за трошење на тие средства и повратно ќе бараат отчет за потрошените средства во наредните шест месеци од нивното трошење.

Освен парични средства, Црвениот крст донираше и материјална хуманитарна помош за нстраданите.

– Овој народ уште еднаш ја покажа својата солидарност и амбиција да помогне на соседот, да го разбере соседот во неволја и навистина по којзнае кој пат докажуваме дека сме солидарни, хумани и знаеме во вистинскиот момент да го направиме вистинскиот потег, рече Саити.

Тој вели дека веројатно средствата ќе одат во правец на обезбедување на домување на одредени целни групи, помош и поддршка на деца, ученици по училиштата и се што ќе биде во меѓувреме проценето дека е потребно.

На прес-конференцијата присуствуваа и заменик-градоначалникот на Град Скопје Енвер Малиќи и градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Next Post

(Видео) Танцот на Буш и на Путин

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk