ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дополнително зголемување на платите од пет отсто од јуни ќе добијат и здравствените соработници

Вложувањето во здравствените кадри, како што се потенцира, е со цел да се мотивираат и јавното здравство да има квалификуван и професионален медицински кадар што е еден од основните услови за квалитетно здравство. Зголемувањето на платите е само една од промените што се направени во изминатиот период. На целосното вложување во човечкиот капитал се поврзуваат и најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност. Со овие измени се направи значително зголемување на коефициентот на сложеност, а се зголеми и додатокот на плата за дежурства. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари 25 отсто и 15 отсто на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година, истакнуваат од Министерството.

January 15, 2020 16:37
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнително зголемување на платите од пет отсто ќе добијат и здравствените соработници во јавното здравство. Зголемувањето на платите на здравствените соработници ќе почне од јуни, соопшти попладнево Министерството за здравство, пренесе МИА.

Јавното здравство во текот на 2019, и со тоа што ќе следи во тековнава година, посочуваат од Министерството, добива рекордно зголемување на платите во сите сектори.

Од Министерството наведуваат дека здравствените кадри првпат во постоењето на државата добиваат толку зголемувања на платите и бенефиции и се инвестира во подобрување на нивниот статус.

Вложувањето во здравствените кадри, како што се потенцира, е со цел да се мотивираат и јавното здравство да има квалификуван и професионален медицински кадар што е еден од основните услови за квалитетно здравство.

Зголемувањето на платите е само една од промените што се направени во изминатиот период. На целосното вложување во човечкиот капитал се поврзуваат и најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност. Со овие измени се направи значително зголемување на коефициентот на сложеност, а се зголеми и додатокот на плата за дежурства. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари 25 отсто и 15 отсто на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година, истакнуваат од Министерството.

Информираат дека со цел подобрување на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство во изминатите две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавното здравство.

Покрај зголемувањето на платите, капацитетите на јавното здравство се зголемуваа и со подобрување на условите за работа во секоја јавнa здравствена установа. Министерството за здравство и годинава продолжува да инвестира во човечкиот капитал и целосно во здравството, затоа што само со професионалност и квалитетна работа, пациентите ќе добиваат врвна здравствена нега, додаваат од Министерството за здравство.

Next Post

„Куртоните“ со лажни вести за Анѓушев, а Мицкоски ни збор за неговите хидроцентрали

НАЈНОВО

Трајановски најавува целосна дигитализација и транспарентност во Општина Аеродром

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk