ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Очекуваме почеток на преговорите во претстојните месеци

Се надеваме и со право очекуваме стратешката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија , која треба да почне со стартување на преговорите за членство, да се оствари во претстојните месеци по 15 години статус на кандидат за членство, порача денеска премиерот Оливер Спасовски по средбата во Владата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска пристигна во прва посета на земјава, откако стапи на таа функција

January 15, 2020 16:31
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се надеваме и со право очекуваме стратешката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија , која треба да почне со стартување на преговорите за членство, да се оствари во претстојните месеци по 15 години статус на кандидат за членство, порача денеска премиерот Оливер Спасовски по средбата во Владата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска пристигна во прва посета на земјава, откако стапи на таа функција, пренесе МИА.

-Со ништо нема да го загрозиме постигнатото поради што добивме и признание од Европската комисија минатата година кога на Европскиот совет му беше предочено итно и безусловно стартување на пристапните преговори. Препораката дојде како резултат на успешно спроведените реформи и како резултат на храбрите одлуки за решавање на недоразбирањата со нашите соседи, кои нашите аспирации за членство во ЕУ ги направија реалност, рече Спасовски на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Вархеји.

Тој истакна дека земјата ја очекува најавената одлука во октомври минатата година, откако земјата направи се што се очекуваше за стар на преговорите, иако, како што рече доживеавме разочарување и прифативме дека стратешката грешка набрзо ќе биде исправена и дека нашите резултати ќе бидат валоризирани според заслуженото, иако со одложување.

-Програмата на новата ЕК е нова голема надеж за државите од Западен Балкан и зајакнување на нашата позиција како идни членки на Унијата. ЕК е наш сојузник во нашите настојувања за влез во ЕУ очекуваме да продолжат со новиот состав на ЕК, истакна Спасовски.

Премиерот потенцира дека е важно што ЕК по Европскиот совет во ноември 2019 ја презеде обврската и под водство на Вархеји најави дека до крајот на месецот ќе го претстави документот со предлог измените на методологијата за водење на преговорите.

-Северна Македонија е заинтересирана што побргу да се објави методологијата и се надева дека предлогот ќе ги задоволи очекувањата и барањата на Франција, но и ставовите на земјите-членки кои беа и останаа пријателски настроени кон проширувањето и немаа ништо против  тоа да почне и во октомври минатата година. Наш интерес е да се избегнат нови несогласувања и да се постигне консензус час поскоро, рече тој.

Додаде дека за нас е клучно одобрувањето и носењето на новата методологија и на одлуката за почеток на преговорите да бидат одвоени, но комплементарни процеси.

Спасовски на средбата го информирал Вархеји за работата на техничката Влада и за активностите што се преземаат за организирање на фер демократски и слободни предвремени парламентарни избори.

Next Post

Дополнително зголемување на платите од пет отсто од јуни ќе добијат и здравствените соработници

НАЈНОВО

Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

October 25, 2025
ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk