Со 82 гласа „За“ од вкупниот број на пратеници и 22 гласа „За“ од пратениците од немнозинските заедници, пратениците ги изгласаа измените на Законот за Собрание.
Со овие измени кои се донесоа консензуално од сите партии, Собранието добива поголема независност со тоа што добива независен буџет, самостојно обезбедување и поголема независност во вработувањето на администрацијата.
Од Законот најголеми придобивки имаат вработените во службата на Собранието.
А. Зеќири