ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Адеми: Свесни сме за придизвиците со кои се соочуваме околу сочувувањето на статусот на охридскиот регион во УНЕСКО

Експертите согласни за потребата од поголемо вклучување на научната фела и експертските анализи во справувањето со современите предизвици со кои се соочува културното богатство и природните реткости.

January 17, 2020 13:37
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивните искуства во светот, пред се препораките на научната фела во справувањето со современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство, се целите на дискусиите во рамки на Меѓународната конференција „Охрид-Водици 2020″ што од денеска по осми пат се одржува во Охрид.

Министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Едмонд Адеми, во обраќањето пред учесниците ја истакна потребата од заштита на сите природни и културни богатства во земјата, особено притоа имајќи го предвид охридскиот регион како природна и кутурна реткост заштитена од УНЕСКО.

– Најголемиот предизвик пред кој се наоѓа секое развиено општество е токму заштитата на природното и историското наследство што го поседува. Тоа не е опција, туку обврска и должност. Покрај евроатлантската интеграција, УНЕСКО стана еден од клучните политички приоритети на државната надворешна политика. Свесни сме за придизвиците со кои се соочуваме околу сочувувањето на статусот на охридскиот регион во УНЕСКО, што е еден од највиските приоритети на Владата, рече Адеми притоа посочуваќи ги преземените чекори во таа насока, согласно Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство и препораките на УНЕСКО.

Тука ги посочи изготвувањето на Планот за управување со охридскиот регион и Стратегиската оцена за влијанието врз животната средина, како рамка на понатамошното делување, се со цел создавање хумана и одржлива урбанизација која нема да дозволи нарушување на културниот пејзаж и нерационална експлоатација и уништување на природните ресурси.

Експертите согласни за потребата од поголемо вклучување на научната фела и експертските анализи во справувањето со современите предизвици со кои се соочува културното богатство и природните реткости.

– Имаме доста активен невладин сектор и политики на локално и државно ниво, но некако она што недостасува е придонесот на научната мисла во справувањето со проблемот. Преку овој собир се обидуваме да придонесеме за повеќе да ја вклучиме науката во справувањето со предизвиците. Секој од учесниците доаѓа тука со свои трудови, така што сметаме дека од тие презентации ќе произлезат некакви препораки што потоа би биле доставени до надлежните институции како насоки за понатамошно делување, рече Рубин Земон, претседател на огранизацискиот одбор на Конференцијата.

На собирот во Охрид учествуваат 36 експерти, научници, стручни работници, уметници, политичари од десет земји, кои преку своите искуства, знаења и истражувања ќе се обидат да дадат придонес кон осветлувањето и решавањето на одредени прашања и проблеми.

Говорејќи за современите предизвици во светот Зоран Виторовиќ, главен и одговорен уредник на „Журналот за Глобални процеси” од САД, посочи дека генерално светот се соочува со проблемот во начинот на размислувањето. Тој забележува дека во време на четврта индустриска револуција не може повеќе да се размислува аналогно, туку треба да се премине кон дигитален начин на размислување.

– Живееме во време на егоизам, аутистични елити кои не обрнуваат внимание дека она што се случува се случува сега и овде, а не некаде во другиот дел на планетата. Постои криза на генерациите, младите генерации не веруваат никому, на ниту една политичка партија, на ниту еден политички систем. Тие немаат време да размислуваат, а доколку не го прочитаат нешто на гугл, за нив тоа не постои. Тоа е проблем со кој ќе се соочиме, проблемот на недостиг на храна, недостиг на вода за пиење, загаденост на животната средина, прашања за кои никој не води сметка, предупредува Виторовиќ.

Научната конференција во Охрид се одржува во организација на ФОН Универзитетот и Институтот за социо–културна антропологија, во партнерство со „MIRAS” – Социјалната организација за поддршка на проучување на културно наследство од Баку, Азербејџан, списанието „Руски политички науки” од Москва, Русија, како и списанието „Журнал за глобални процеси” од САД.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk