ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иницијатива за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата кај „Треска“

Во архивата на Општина Центар како што информираат, доставена е граѓанска иницијатива  за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска“

January 17, 2020 21:46
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во архивата на Општина Центар како што информираат, доставена е граѓанска иницијатива  за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска“.

„Во Општината Центар-Скопје во тек се процесите на одбир на приоритетите за реализација на урбанистичките планови, па таа суптилна тема се актуелизира. Деликатноста на овој простор што го сочинуваат повеќе катастарски / градежни / урбанистички парцели има повеќе димензии (имотно-правна, економско-социјална, политичка и др.) Редоследот и темпото на нејзиното разрешување мора да бидат професионално уредени, мора да одат во склад со јавниот интерес, со спецификите на временскиот контекст, со новосоздадените потреби“, се вели во еден дел од иницијативата потпишана од Даница Павловска, диа.

Во продолжение ви го пренесуваме текстот на иницијативата во целост:

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска“

Согласно закон, Советот на Општината  помеѓу останатите прашања се грижи и за третманот на просторот во урбанистичките планови и планската документација односно одлучува преку кои локални политики ќе го подобри квалитетот на животот во општината. Општината Центар-Скопје ја има привилегијата и одговорноста на управување со центарот на државата и се очекува да предлага софистицирани идеи усмерени на идентитетски прашања кои ќе преставуваат потик и пример за сите останати општини. При тоа односот кон референтните простори на територијата на општината, а особено кон оние со меморија како што е локацијата на фабрика „Треска“, подразбира синергија со високо професионални личности од сферата на обликување на просторот. Во Општината Центар-Скопје во тек се процесите на одбир на приоритетите за реализација на урбанистичките планови, па таа суптилна тема се актуелизира. Деликатноста на овој простор што го сочинуваат повеќе катастарски / градежни / урбанистички парцели има повеќе димензии (имотно-правна, економско-социјална, политичка и др.) Редоследот и темпото на нејзиното разрешување мора да бидат професионално уредени, мора да одат во склад со јавниот интерес, со спецификите на временскиот контекст, со новосоздадените потреби…

Ние, граѓаните, организирани во различни заедници, колективитети, невладини организации (Здравје пред профит во Центар, О2 коалиција, Транспарентност Македонија) како и на индивидуално ниво, професионалци и експерти за овие теми, а од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, институции, факултети и др, стоиме зад изнесеното. Граѓанскава иницијатива ја поднесуваме со верба во создавање на нова урбанистичка визија за локацијата на фабрика „Треска“ што конкретно подразбира предвидување, организација и спроведување на архитектонско урбанистички конкурс со соодветна програмска задача.  Нашето длабоко уверување во успехот на институцијата конкурс е неприкосновено, а аргументацијата на конкурсот како компетитивен демократски процес е проверена. Таквиот потез индицира разумно делување, представува гарант за побогата идејност и очигледна предност, а што е особено важно, позитивно ќе го одбележи времето што го живееме.

Врз основ на сето погоре изнесено, се очекува делување на Градоначалникот на Општината Центар-Скопје односно се побарува од Советот на Општина Центар-Скопје, согласно неговите законски овластувања, да донесе акт по однос на оваа иницијатива. Исто така, во рок од три дена се очекува Претседателот на Советот на Општина Центар-Скопје да не извести за ставот/заклучокот/одлуката на Советот по однос на темата на оваа иницијатива.

Скопје,   17    јануари,      2020 година

Овластен предлагач на Граѓанската иницијатива

Даница Павловска, диа

Next Post

Неовластено снимање и мобинг на вработените – Дирекцијата за заштита на лични податоци за видеото на Трипуновски

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk