ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полска и Германија најголеми корисници на климатскиот фонд на ЕУ

Полска не го потпиша документот чија цел е да се постават неутрални емисии на штетни гасови до 2050 година, тврдејќи дека нејзиниот енергетски систем и економијата се премногу зависни од јаглен и лигнит за да направат таква транзиција во тој период.

January 17, 2020 09:43
in ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Полска и Германија ќе бидат најголемите корисници на новиот фонд на Европската унија од 100 милијарди евра, наменет за помош на регионите кои се зависни од јаглен да преминат во зелена економија, покажуваат податоците објавени во документ на Европската комисија.

Сите земји на ЕУ, освен Полска, минатиот месец се согласија дека треба да ги трансформираат своите економии во текот на следните 30 години за борба против климатските промени и да се осигураат дека нема да испуштаат повеќе јаглерод диоксид отколку што апсорбираат.

Европјаните сметаат дека климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочуваат, открива студијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Полска не го потпиша документот чија цел е да се постават неутрални емисии на штетни гасови до 2050 година, тврдејќи дека нејзиниот енергетски систем и економијата се премногу зависни од јаглен и лигнит за да направат таква транзиција во тој период.

Европската комисија, во обид да ја убеди Варшава да се приклучи на останатите членки, оваа недела објави детали од Фондот за правична транзиција.

Целта е да се генерираат 100 милијарди евра за инвестиции во регионите со најголема емисија на јаглерод диоксид и со најмногу вработени во секторите поврзани со фосилни горива.

Полска и Германија, кои се најголеми индустриски емитери во ЕУ и имаат најголем број такви работни места, ќе добијат речиси 40 проценти од вкупните средства на Фондот, се наведува во документот на ЕК.

Полска изрази задоволство, наведувајќи дека предлогот на ЕУ за финансиската распределба покажува дека Унијата ја препознала нивната специфична состојба.

– Ова разбирање на нашата позиција е … многу добра вест за Полска, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Полското Министерство за клима соопшти дека фактот што земјата не го потпиша документот  за климатската неутралност до 2050 година не значи дека Варшава ќе се откаже од трансформација на својата економија кон ниски емисии, туку дека тоа ќе го постигне со свое темпо.

Средствата на транзицискиот фонд од 100 милијарди евра во текот на седум години ќе се обезбедат со повлекување мал износ на јавни пари од буџетот на ЕУ од 7,5 милијарди евра, со цел привлекување на многу поголеми суми на приватни инвестиции со покривање на најризичните делови од проектите.

Од 7,5 милијарди евра, Полска ќе добие максимална квота од две милијарди евра, а потоа следува Германија со 877 милиони евра.

Next Post

Трајче (38) од Скопје, по примерот од принцот Хари, престана да зема џепарлак од родителите

НАЈНОВО

Скриншот

Хамилтон: Не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен

November 3, 2025

ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

November 3, 2025

АВМУ: Сите анализирани медиуми генерално известуваа неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk