ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пред распуштањето Собранието ќе ја усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси

Претседателот нè извести дека ова Собрание ќе ја донесе стратегијата и дека најверојатно ќе биде на почетокот на следниот месец. Битно е дека ќе биде донесена во овој состав, изјави Ивановска по предавањето на Стратегијата и кусата средба на членовите на Антикорупциска со Џафери. Ивановска верува дека сите парламентарни партии ќе ја поддржат оваа Стратегија и дека таа ќе биде усвоена со консензус. Очекувам. Барем од она што го видовме досега во текот на подготвоката на стратегијата, кога беа вклучени претставнции од многу институции, од невладиниот сектор, од медиумите, експерти… го почувствуваме импулсот во општеството дека има подготвеност кај сите чинители во нашиот општествен живот тоа да се случи, изјави претседателката на ДКСК

January 17, 2020 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија на почетокот на февруари се очекува да ја донесе Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, која денеска од страна на членовите на Комисијата му беше врачена на првиот парламентарец Талат Џафери. Претходно денеска претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска ја презентираше оваа стратегија пред медиумите, пренесе МИА.

– Претседателот нè извести дека ова Собрание ќе ја донесе стратегијата и дека најверојатно ќе биде на почетокот на следниот месец. Битно е дека ќе биде донесена во овој состав, изјави Ивановска по предавањето на Стратегијата и кусата средба на членовите на Антикорупциска со Џафери.
Ивановска верува дека сите парламентарни партии ќе ја поддржат оваа Стратегија и дека таа ќе биде усвоена со консензус.
Очекувам. Барем од она што го видовме досега во текот на подготвоката на стратегијата, кога беа вклучени претставнции од многу институции, од невладиниот сектор, од медиумите, експерти… го почувствуваме импулсот во општеството дека има подготвеност кај сите чинители во нашиот општествен живот тоа да се случи, изјави претседателката на ДКСК.
Ивановска рече дека Националната стратегија ДКСК ја подготвувала пет месеци и оти со усвојувањето од страна на Собранието нашата држава, како што потенцираше, ќе ја покаже својата спремност и политичка волја да се бори во една широка коалиција заедно со граѓанскиот сектор „против најголемото општествено зло во оваа држава, а тоа е борбата против корупцијата“.
На претставувањето на Националната стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси, претседатеката на ДКСК кажа дека ризични области во кои најмногу се препознаваат коруптивни однесувања се вработувањата, процесот на јавни набавки, контролната и надзорна улога и донесувањето одлуки. Стратегијата треба да се спроведе од страна на институциите во следните пет години, а целта е подигнување на довербата на граѓаните во системот.
Next Post

ВМРО-ДПМНЕ е погубна за македонската економија и за стандардот на граѓаните

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk