ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ВМРО-ДПМНЕ е погубна за македонската економија и за стандардот на граѓаните

Што значи руинирана економија? Тоа го знаеме кога Груевски беше воен министер за финансии во 2001 и 2002. Во 2001 стапката на реален раст на БДП беше -3.5%, а во 2002 беше 1.5% (извор, НБРСМ). До 2006, СДСМ ја оправи економијата со раст до 5.1%. И после дебаклот во Букурешт, видовме што значи руинирана економија. Во 2009 стапката на реален раст на БДП беше -0.4%, а токму тогаш диктаторот Груевски сам одлучи да вложи речиси милијарда евра во антиразвојниот „проект Скопје 2014“.

January 17, 2020 16:10
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Читам ВМРО-ДПМНЕ: „Зоран Заев и неговите министри одговорни за финансии целосно ја руинираа македонската економија и ја клекнаа на колена“.

Што значи руинирана економија?

Тоа го знаеме кога Груевски беше воен министер за финансии во 2001 и 2002. Во 2001 стапката на реален раст на БДП беше -3.5%, а во 2002 беше 1.5% (извор, НБРСМ).
До 2006, СДСМ ја оправи економијата со раст до 5.1%. И после дебаклот во Букурешт, видовме што значи руинирана економија. Во 2009 стапката на реален раст на БДП беше -0.4%, а токму тогаш диктаторот Груевски сам одлучи да вложи речиси милијарда евра во антиразвојниот „проект Скопје 2014“. Што значи економија на колена видовме и кога Груевски не сакаше мирно да ја предаде власта во вториот квартал од 2017, кога економијата падна на нула раст на БДП.

За две години, владата на СДСМ го крена реалниот пораст на БДП за 3.6% (во првите три квартали во 2019). И не само тоа, туку растот на БДП беше прудружен со соодветен раст на платите.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, изнесува 25 726 денари, а во јуни 2017, изнесува 22 808 денари. Разликата е речиси 3 илјади денари пораст на платите за помалку од 2 и пол години.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2010 изнесува само 20 424 денари.
Тоа значи дека за 7 години платата се зголемила само за 2.384 денари! А бруто надворешниот долг од 2006 до 2017 година пораснал од 2.5 милијарди евра, на 7.7 милијарди евра (втор квартал 2017).

Е, тоа е урнисување на македонската економија. Огромно задолжување, без реален економски раст кој ќе доведе до зголемување на платите и на животниот стандард на граѓаните.
Бројките се неумоливи. Економските бројки покажуваат дека досегашните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ беа погубни за македонската економија и за животниот стандард на граѓаните.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Советот за граѓански надзор

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk