Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу над стоте верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.
Во центарот на Скопје на централната манифестација по повод православниот празник Богојавление -Водици, пред илјадниците насобрани граѓани на кејот на Вардар се обрати поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
Според најавите, за фаќање на Светиот крст во реката Вардар беа пријавени над 130 верници.