ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неизвесен законот за ЈО пред распуштање на Парламентот, СДСМ подготвен за разговор, ВМРО анализира

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави доколку е потребно подготвен е да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се со цел да се донесе овој суштински закон. Тој изрази уверување дека е можно во следните три недели да се донесе законот.

January 19, 2020 09:04
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Зоран Заев

Зоран Заев

Share on FacebookShare on Twitter

По пораките на еврокомесарот Оливер Вархеј дека сегашниот парламентарен состав ќе даде приоритет на законот за јавно обвинителство, во земјава не стивнуваат реакциите околу тоа дали е можно законот да биде донесен пред распуштање на Парламентот. Од СДСМ се подготвени да разговараат и повикуваат на одговорност кај сите политички субјекти, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во следните денови ќе излезат со став околу предложениот законски текст што е испратен до нив, пренесува МИА.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави доколку е потребно подготвен е да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се со цел да се донесе овој суштински закон. Тој изрази уверување дека е можно во следните три недели да се донесе законот.

– Се работи за системско решение кое се носи со двотретинско мнозинство и треба сите да понесеме одговорност и да преземеме чекори за да го донесеме овој закон. Ако не пред изборите, ќе треба да го донесеме по изборите. Како и да одат состојбите на изборите, треба да го донесеме. Тоа е наша заедничка обврска бидејќи е двотретински закон. Тоа може да го направиме сега додека работи Парламентот за да им дадеме аргумент плус на еврокомесарот и на земјите членки на ЕУ и да може да осигураме одлуката на Европскиот совет конечно да биде позитивна, иако тоа не е услов, не е дел од извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент повеќе, рече Заев по хуманитарниот базар што вчера го организираше СДСМ.

Заев е подготвен да разговара за законот со сите политички субјекти и како што изјави може да се најде решение за сето она што ќе дојде како сугестија од партиите, но притоа да не се поминат црвените линии.

Според него, донесувањето на овој закон ќе биде аргумент плус за европската интеграција на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера изјавија дека експертски тим го анализира предложениот текст на законот и оти во следните неколку дена ќе го кажат својот став.

– Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасно познат веќе речиси една година, а тоа не е измислување на било каква топла вода, туку имплементирање на на се она што се позитивни примери од западноевропските демократии. Примена на основните човекови права слободи и права. Применување односно одење во насока на конвенциите за основните слободи и права на човекот, изјави вчера на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарски прашања.

СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство. Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, во петокот изјави дека иако до распуштањето на Парламентот има помалку од еден месец, сепак постојат одредени шанси за договор за законот, ако тој се постави како приоритет. Според него, по анализирањето на новиот предлог-закон за ЈО, се очекува да биде договорен термин за средба со претставниците на СДСМ и ДУИ и да се разменат аргументи.

– Ова е веќе четврти текст – предлог закон за јавно обвинителство, со поинаков текст од претходните три и од оној кој се уште е во собраниска процедура. Би било коректно од собраниското мнозинство доколку овој предлог закон кој што е во собраниска процедура да го повлечат за да можеме да разговараме за новопредложениот, рече Милошоски, додавајќи дека од она што можел да го види во преодните и завршни одредби на предлогот, повторно се остава еден законски обид за тимот на СЈО да биде „удомен“ на некој начин во тимот на обвинителката Вилма Рускоска.

 

Next Post

Еден од четворица граѓани во ЕУ избегнува откривање лични податоци на социјалните мрежи

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk