Триесетгодишниот Петар Рупески од Варош, по петти пат го фати Светиот крст во Охрид. Прв пат крстот го фатил во 2005 година.
Осветувањето на водите на Охридското Езеро кое го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија го следеа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија.
По повод верскиот празник Богојавление Водици, министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за финансии, Нина Агеловска и заменикот министер за култура, Владимир Лазовски ќе присуствува на светиот чин на фрлањето на крстот во реката Вардар, Скопје, на Камениот мост, местото викано „Слобода“.
Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржа во организација на Дебарско – кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“.
Настанот го следат неколку илјади охриѓани и гости од земјава и странство.