Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од ,,Медена земја”, пишува на Фејсбук градоначалникот на Лозово од редовите на СДСМ, Ацо Велковски.
Градоначалникот и ветил на Атиџе дека работно ќе ја ангажира во Општина Лозово, откако ќе се врати од Церемонијата од доделувањето на Оскарите, дека Општината ќе помогне во санирање на куќата и кровот и дека ќе бидат снимени со музички аранжман двете песни чиј автор е Атиџе.
„Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров.
По завршување на турнеите и земањето на два оскари, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово.
Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.“