Вербалните пресметки помеѓу политичките партии продолжуваат со несмалено темпо, со пресови и соопштенија едно по друго. Преспанскиот договор останува како оска околу која ќе се кршат копјата помеѓу ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ сѐ повеќе ја изострува токсичната реторика.
Од СДСМ се јавуваат со своите успеси за време на нивниот мандат, за успешните политики на СДСМ ја кои намалија невработеноста на 17.1% и отворија нови 60.000 работни места и дека оперативниот план за вработување за 2019 година е реализиран со огромни 98,6%.
На празните и бесмислени закани од ВМРО-ДПМНЕ дека „кога ќе дојдат“ на власт, „џедајски“ ќе го поништат Договорот од Преспа, од СДСМ велат дека најавите на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот од Преспа претставуваат директна закана за полноправно членство во НАТО, ЕУ перспективата и воопшто иднината на државата.
Со реакција се активира и „независната“ пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, додуша малку нејасно, но сепак, легитимно. „Независните“ од ВМРО во целост ги отфрлаат лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошевски, вчера на емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија, каде што ги обвини за поткуп на за гласањето на уставните измени. Независно.
Во меѓувреме, не се знае што точно размислуваат од ДУИ, бидејќи , освен површните активности на Бујар Османи со промовирање на потпишан договор за изградба на дури 2 километри автопат од пограничното село Блаце до границата со Република Косово, од ДУИ си молчат удобно и самозадоволно во своите децениски зафатени владини и собраниски фотељи. Како што се развиваат работите, фотељите ќе им останат топли.
За паралелната „опозиција“, (паралелната бидејќи во земјава имаме паралелни политички опции од „етнички“ декларативни побуди) од албанскиот блок политички партии, сѐ уште не се знае дали ќе формираат коалиција. До сега е познато само дека се борат против имагинарен државен непријател бр.1, а тоа, се разбира е ДУИ, а имагинарен е затоа што и „борбата“ против ДУИ им е имагинарна. Како маалски Џедаи.
Извор: ЦИВИЛ