ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Медиумите сами одлучуваат како ќе известуваат, евентуалните недоразбирања со Владата да ги решат преку дијалог

-Самите медиуми одлучуваат за своите уредувачки активности. Она што се наведе во текот на вчерашниот ден од неколку електорнски портали дека има наводен бојкот од страна на медиумите е засега само непотврдена информација која не можеме да кажеме дека е факт. Бидејќи веќе вчера медиумите известија за новата опрема во торакална хирургија, немаше изјава од техничкиот премиер и од министерот за здравство кој седеше во позадина, но граѓаните беа информирани за соодветната активност, појасни Трајчевски.

January 23, 2020 12:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата се надеава на добра соработка со медиумите особено во овој предизборен период, а доколку има недоразбирање меѓу нив тоа треба да се реши преку дијалог и консултации.

Ова го истакнаа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конфернеција во врска со бојкот на медиумите на активностите на владините функционери.

-Официјално дали постои бојкот не можеме да кажеме бидејќи нема таква најава, ниту изјава од страна на медиумите. Доколку постојат одредени недоразбирања помеѓу Владата и медиумите треба да си ги решат во дијалог. Ние ниту сме информирани, ниту пак имаме какви било сознанија дека има недоразбирања меѓу Владата и медиумите за да можеме да реагираме, ниту имаме законска надлежност да бидеме посредници во таквите односи. Се надеваме дека медиумите ќе ја препознаат својата значајна јавна улога во општеството и не само во следниот период, туку континуирано ќе бидат оние кои ќе се грижат за граѓаните да бидат информирани за сите активности не само на Владата, туку за сите случувања во општеството, изјави Трајчевски одговорајќи на новинарско прашање денеска на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој беше во посета на Агенцијата.

Потенцира дека за ваквата состојба нема санкции од страна на АВМУ и дека Агенцијата не може, ниту пак Владата може да биде урдник на кој било медиум.

-Самите медиуми одлучуваат за своите уредувачки активности. Она што се наведе во текот на вчерашниот ден од неколку електорнски портали дека има наводен бојкот од страна на медиумите е засега само непотврдена информација која не можеме да кажеме дека е факт. Бидејќи веќе вчера медиумите известија за новата опрема во торакална хирургија, немаше изјава од техничкиот премиер и од министерот за здравство кој седеше во позадина, но граѓаните беа информирани за соодветната активност, појасни Трајчевски.

Според Османи, прашање на медиумите е како ќе известуваат и дали ќе присуствуваат на активностите, но потенцира дека Владата се обидува максимално да биде во коректни односи со медиумите и со регулаторот.

-Веројатно ќе има некаква комуникација меѓу институциите во овој дел, меѓутоа не би сакал како претставник на Владата да се мешам во медиумите да дадат од тоа што го правиме ние како активност. Мислам дека е во јавен интерес ова што го правиме, меѓутоа нивно е правото како ќе ги претсставуваат тие настани.  Се надеваме на добра соработка особено во овој предизборен период кога граѓаните сакаат да ги видат ставовите на сите учесници во овој политички натпревар за да можат да донесат соодветна одлука за наредниот мандат, изјави Османи.

Next Post

„Алфа Ромео“ во јуни претставува нов модел?

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk