ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работните групи на власта и опозицијата на средба за законот за ЈО до крајот на неделава, Дескоска очекува поддршка од сите пратеници

За договорената средба до крајот на неделата вчера информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антионио Милошоски на прес-конференција во Собранието, откако завчера средба имаа Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, на која се разговараше за можните решенија и одоглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство.

January 23, 2020 08:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство ќе имаат средба до крајот на неделава, до кога и стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги достават своите предлози и забелешки, а министерката за правда Рената Декоска очекува поддршка од сите пратеници, но сепак напоменува дека носењето на законот зависи од вистинската волја на опозициската партија да ги стави интересите за евроинтеграција, пред оние на некои партиски членови.

За договорената средба до крајот на неделата вчера информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антионио Милошоски на прес-конференција во Собранието, откако завчера средба имаа Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, на која се разговараше за можните решенија и одоглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство.

Шансите дали ќе се донесе или не законот за јавно обвинителство, пак, според Декоска зависат од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, да ги стави интересите за евроинтеграција пред интересите на одредени нивни партски членови за кои се водат постапки сега од редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното јавно обвинителство.

Дескоска вчера пред промоција на иницијативата „Отворено судство“ која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија” на новинарско прашање дали има опција законот да се донесе без ВМРО-ДПМНЕ, рече дека и тоа не е исклучено.

На прашање за нова средба на работните групи, Дескоска одговори дека согласно завчерашниот договор  ги очекуваат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и штом ги добијат веднаш ќе закажат средба со работните групи.

-За законот очекувам поддршка од сите пратеници и добро би било сите кои се декларираат за евроинтеграција на нашата држава да го поддржат законот, така што оти и таа опција не е исклучена, рече Дескоска.

Ние влегуваме, како кажа министерката, со искрена и добра волја да се донесе тој закон и целиот период  истакнувавме и држиме до тој став дека законот што ќе се донесе треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на какво било кривично дело кое што се гони во моментот или е во фаза на истрага или пред истрга.

-Она што го слушам како најави од страна на ВМРО – ДПМНЕ за одредени забелешки, ако се остане навистина на тоа што е, може да дојдеме до договор. Но, јас не можам да прејудицирам сè додека не ги видиме написмено нивните ставови и забелешки, бидејќи често пати она што декларативно го кажуваат  и она што ќе го напишат како конкретен амандман се разликува и честопати во тие амандмани се кријат одредени задни намери особено за случаите на СЈО, нагласи Дескоска.

Според неа, евентуално нивните намери во тој дел би се движеле околу предметите на што ги почна СЈО, а ги презеде ЈО и основите за разрешување на обвинителите.

Целта на овој предлог, како што нагласи министерката за правда, беше и е да се создаде капацитетно обвинителство за организиран криминал што ќе ги има сите предуслови вклучувајќи ги човечките капацитети да ги преземе зголемените надлежности кои ги има според овој закон.

Милошоски, пак, изрази надеж дека на средба на работните групи ќе има размена на аргументи на конструктивен начин што, како што рече, ќе можат да ги приближат ставовите за еден усогласен, согласно венецијанските стандарди на комисијата, законски текст кој би можеле да го усвоиме со поширок консензус.

 

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски рече дека на самата работна средба што би ја имале со колегите од владејачката коалиција, со нивниот правен тим, би ги изложиле своите забелешки, аргументи или одредени аномалии со кои сметаме дека текстот може да се подобри. 

На законот вчера се осврна и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој посочи дека сите во ЕУ очекуваат да се донесе Законот за јавно обвинителство пред распуштање на Парламентот.

Вицепремиерот оценува дека Франција веќе има поомекнат став, доколку се следат сите изјави на претседателот Емануел Макрон.

– Мислам дека Франција веќе има поомекнат став и тоа ако ги следите сите изјави на претседателот Макрон, ако гледате дека расположението е позитивно и дека единствен услов таму е да се усвои новата методологија. Од нас очекуваат сепак да го донесеме Законот за јавно обвинителство, така што уште еден повик до политичките партии да смогнат сили да го донесеме овој закон пред распуштање на Собранието, подвлече Османи, кој најави дека наскоро ќе го посети Париз.

По серијата неуспешни обиди за договор меѓу влста и опозицијата, прашањето за законот за ЈО повторно се актуелизира по минатодонеделната посета на еврокомесарот Оливер Вархеи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе законот, што би било добар знак упатен до земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Одбележување 57 години од потпишувањето на Елисејскиот договор помеѓу Франција и Германија

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk