ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување 57 години од потпишувањето на Елисејскиот договор помеѓу Франција и Германија

Со потпишувањето на Елисејскиот договор Република Франција и тогашната Сојузна Република Германија го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 57 години. Со тоа започна една извонредна билатерална соработка помеѓу двете држави, практично во сите области: политика, одбрана, економија, младина и образование.

January 23, 2020 09:56
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со проекција на филмот „Тајната на дрвјата“ од Лик Жаке, амбасадите на Франција и на Германија вечер во Скопје ќе потсетат на Елисејскиот договор, склучен пред 57 години на 22 јануари 1963 година помеѓу претседателот Шарл Де Гол и канцеларот Конрад Аденауер.

 Пред почетокот на проекцијата во Кимотеката пригодно ќе се обратат амбасадорите на Република Франција и на Сојузна Република Германија, во Скопје, Кристијан Тимоние и Томас Герберих.

Како што се наведува во заедничкото соопштение на двете амбасади , со потпишувањето на Елисејскиот договор Република Франција и тогашната Сојузна Република Германија го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 57 години. Со тоа започна една извонредна билатерална соработка помеѓу двете држави, практично во сите области: политика, одбрана, економија, младина и образование.

Елисејскиот договор се спроведува преку редовни средби на владино ниво, но и на ниво на администрациите на двете земји, кои редовно применуваат взаемна размена на државни службеници и воспоставија меѓуминистерска комисија за соработка. Постојат голем број на збратимени градови, а во тие рамки и соработка меѓу граѓанско-општествените организации.

Поради нејзиниот посебен карактер, француско-германската соработка игра важна улога во процесот на европската изградба, а со тоа на Франција и Германија им припаѓа и значајна улога во врска со македонското приближување кон Европската Унија. Француско-германското пријателство покажува дека надминувањето на предрасудите е можно и дека дијалогот и меѓусебното почитување на историјата, традициите, културата и јазикот на другиот претставуваат плоден развој за сите.

Воедно, со потпишувањето на Елисејскиот договор беше основана и Француско-германската младинска организација (ОФАЖ), која оттогаш поврза безброј француски и германски млади луѓе. ОФАЖ реализира проекти и во трети земји, а меѓу нив и во Северна Македонија, наведуваат амбасадите на Германија и на Франција.

Инаку, темата на филмот „Тајната на дрвјата“ од Лик Жаке е џунглата како еколошки систем. Врз основа на густите шуми во Франција, Перу и Габон, се погледнува во историјата на еволуцијата, но, исто така, се упатува на опасноста што се крие во иднината доколку природата не се заштити соодветно. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Телеграм канал на Регионалната воена управа на Одеса

Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса

July 3, 2025
Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk