ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025 16:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашата владина 88. седница, 6 ресорни министерства вклучени во потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставиле предлог-одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат условите наведени во самиот повик.

Владината портпаролка, Венера Љатифи Азизи информира дека оваа потпрограма претставува значаен инструмент за поддршка на општините и нивното институционално и инфраструктурно јакнење, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Потенцира дека во рамки на втората фаза, вкупно се одобрени 829 проекти во вредност од околу 15 милијарди денари, кои ќе се реализираат преку следниве министерства: Министерството за транспорт – над 8 милијарди денари, Министерството за животна средина и просторно планирање – околу 2, 5 милијарди денари, Министерството за образование и наука – околу 1,6 милијарди денари, Министерството за култура и туризам – 622 милиони денари, Министерството за социјална политика, демографија и млади – 520 милиони денари, Министерството за спорт – 544 милиони денари.

-Со ова продолжуваме континуирано да ја поддржуваме секоја општина која ги исполнила условите според јавниот повик, без разлика на политичката припадност на нејзиното раководство. За нас, единствено важни се граѓаните, нивната благосостојба и создавање подобри услови за живот во секој дел од државата. Преку оваа поддршка ќе се реализираат проекти за изградба и реконструкција на: локални патишта и улици; водоводни и канализациски системи, училишта, градинки и спортски сали; базени и јавна инфраструктура од суштинско значење. Интересот како за првиот повик, така и за вториот беше исклучително голем, нагласи Љатифи Азизи.

Воедно, владината портпаролка потсетува дека во рамки на првиот јавен повик биле доделени 4,1 милијарди денари за 274 проекти, дел од кои се веќе реализирани, а другите се во реализација.

-Ова е уште еден историски чекор во јакнење на локалната самоуправа – процес кој е и ќе остане еден од темелите на развојната политика на оваа Влада. Ги градиме темелите на промените, за твоето време кое доаѓа, потенцира владината портпаролка, Венера Љатифи Азизи.

Next Post
Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk