ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026 12:42
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најкултните филмови во современата македонска кинематографија, „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува една деценија од својата светска премиера на фестивалот во Чикаго. По тој повод, како што соопштуваат од продукцијата, на 25 август (вторник) ќе се одржи јубилејна проекција на „Rooftop Open Air Cinema“ на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол, со почеток во 20:30 часот.

Според најавите од организаторите, веднаш по проекцијата ќе биде организирана интерактивна сесија и разговор меѓу филмската екипа и публиката, проследено со дружење во чест на јубилејот. Продуцентот на филмот, Огнен Антов од „Дрим Фектори“, истакнува дека приказната не застарела во ниту еден кадар и сè уште предизвикува силни емоции.

„Кога денес го гледам „Џган“, не гледам филм од пред 10 години, туку приказна која не застарела во ниту еден кадар. Најголемата награда за мене не е онаа од фестивалите, туку кога млад филмаџија ќе ми каже дека токму „Џган“ му бил инспирација. Затоа и после 10 години сакам новите генерации да го видат и да доживеат дека филмот сè уште удира силно. Некои филмови стареат. Овој филм мислам дека само чека публиката повторно да го открие“, посочува Антов во писменото соопштение.

Приказната на филмот, создадена под максимата „Никој не е роден насилен“, следи низа свирепи околности кои едно тивко и повлечено момче го претвораат во суров водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Како што е наведено во најавата, зад филмот стои искусна екипа, меѓу кои директорот на фотографија Владимир Самоиловски, монтажерот Атанас Ѓеоргиев, дизајнерот на звук Игор Поповски и сценографот Кирил Спасески. Македонски продуцент е „Дрим Фектори“, во копродукција со „Red helicopter films“ од Албанија.

Во изминатата деценија филмот ги обиколи светските фестивали и освои повеќе значајни признанија, потсетуваат од екипата. Меѓу нив се издвојуваат Специјалната награда на жирито за актерска изведба за Мартин Ѓоргоски на фестивалот во Брауншвајг, како и наградата FIPRESCI на PRIFEST во Приштина. Филмот беше овенчан и со Големата награда (Grand Prix) за најдобар долгометражен филм на фестивалите во Кицбил и Отранто, додека Ѓоргоски доби признание за најдобар актер и на фестивалот во Лесковац.

Од организацијата информираат дека билетите за јубилејната проекција се веќе пуштени во продажба на билетарницата на киното „Синеплекс“, како и преку нивната официјална веб-страница.

Next Post
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk