ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Рекет“ одложен за 27 јануари, не дојдоа адвокатите на Јанева

Со оглед дека се работи за сериозен предмет со затворски притвор, судијката Васка Николовска-Масевска, ја повика Јанева да се произнесе дали ќе ангажира друг адвокат, бидејќи вакво одложување е неприфатливо. – Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам, изјави Јанева.

January 23, 2020 10:36
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за случајот „Рекет“ се одложува за 27 јануари 2020 година откако на денешното рочиште поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева повторно се појави без своите бранители, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.

Со оглед дека се работи за сериозен предмет со затворски притвор, судијката Васка Николовска-Масевска, ја повика Јанева да се произнесе дали ќе ангажира друг адвокат, бидејќи вакво одложување е неприфатливо.

– Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам, изјави Јанева.
Судијката реагираше дека може да продолжи и со некој од адвокатските канцеларии на нејзините бранители или во краен случај со бранител по службена должност.
– Судот, доколку и во понеделник не се појави одбраната на Јанева, ќе побара од претседателот на Судот да постави бранител по службена должност, изјави судијката Николовски-Масевска.
Судијката, на почетокот на денешното рочиште, информираше дека до Судот на 21 јануари пристигнал поднесок од адвокатката Фрчковска дека поради болест не може да присуствува на денешното рочиште.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште требаше да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.
Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор. аа/са/

Next Post

Поглед од Земјината орбита: Снимка од внатрешноста на Starliner од летот кој не помина најдобро

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk