„Прво, да се бара од опозицијата да биде предложен Јавниот обвинител се испраќа пораката дека Мицкоски има намера да остане опозиција, второ вака да се настапи критички за еден закон којшто знаат и тие и ние е целосно во координација со Европската делегација и ЕУ и правниот сектор на САД којшто работи со нас, е дефинитивно далеку од било каква нормалност во вакви сериозни моменти пред коишто сме. Морам да кажам дека самиот ваков закон е потврда дека нема ништо од она што беше кажано на прес конференцијата, дека некој се обидува на амнестира случаи, да скрие криминали на актуелна власт или слично за тоа е потврда што законот е направен во консултација и зад него стојат ЕУ и САД“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Христија Мицкоски кој рече дека не седнува на маса за догвор додека не се прифатат нивните забелешки за Законот за ЈО, пред средбата на со членови на Управниот одбор на Масит, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.
„Втората важна работа за ваквата прес конференција е тоа што инструкцијата доаѓа од Будимпешта, и нема ништо помалку ниту повеќе од тоа. Трето, самиот закон е направен политичарите да не местат обвинители, туку тој да биде структурно, системско решение далеку од рацете на политичарите во функција на јакнење на независноста и јакнење во правосудството. Со самиот овој закон се гарантираат сите актуелни случаи, започнати предмети и истраги без разлика за кого се однесуваат во државата, тука се и предметите којшто беа од СЈО, од организиран криминал, сегашни или минати и веројатно обезбедуваат и идни предмети.
Ако навистина се за вакво решение, јавно повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговараат на писмени материјали за сето тоа да го решиме во функција и интерес на граѓаните“, истакна Заев.
Заев дополни дека сега сите се потребни, постои систематско решение и има доволно аргументи за конечните одлуки на ЕУ и ЕК кога станува збор за Северна Македонија.